Тајните знаци на нашето тело

tajnite-znaci-na-naseto-telo-povekjeГоворот на телото е многу ефикасен начин за откривање на она што вашите соговорници навистина го мислат и чувствуваат. Ви ги преставуваме основите...


...кои ќе ви помогнат да ги прочитате како отворена книга:

Грицкање на усните
Луѓето тоа го прават кога се под притисок и така се обидуваат да ја решат непријатната ситуација.tajnite-znaci-na-naseto-telo

Пипкање на носот
Веројатно значи дека некој лаже.

Кус поглед
Значи дека тој испитува дали постои взаемен интерес. Ако некој на кусо ве погледне во ресторан или некој клуб, значи дека се обидува да открие дали има нешто помеѓу вас и дека веројатно му се допаѓате.

Нишање со глава
Повеќекратно нишање со глава значи дека некој ве подржува и ве следи кога зборувате. Едно нишање значи дека ве слуша.

Затворање на очниот капак
Преставува обид да се сокрие од реалноста. Директен контакт со очите покажува самодоверба. Гледањето некого во очи ја покажува вашата заинтересираност за таа личност и за тоа што го зборува.

Спуштање на погледот
Бидете нежни кон нив, тоа е знак кој укажува на отвореност и нежност.

Собирање на усните
Обично преставува дека некој е лут.

„Млако“ ракување
Ако возвратите со нежен стисок, веројатно нема да оставите најдобар впечаток. Цврстото ракување е сосема друга работа, значи одлучност.

„Криво“ седење
Искривеното седење дава впечаток на уморна личност или некој кому не му е гајле. Исправеното седење порачува енергија и ентузијазам. Прекрстените раце порачуваат одбранбен став и сомничавост.

Триење на увото
Триењето зад уво или лесното допирање на носот со показалецот укажува на одбојност, сомнеж, несигурност или неможност за избегнување на одговор или прашање.

Насмевка
Насмевката за вас открива најубави работи. Насмевката е показател на самодоверба, позитивен став, добра волја и остава впечаток дека сте некој со кого, веројатно е многу забавно и кого е тешко да го игнорирате. Насмевката исто така зборува дека не сте опасни и дека имате добри намери.

Би можело да ве интересира:

Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечно... „Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека ...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg