Што и како на првиот состанок
Повеќето дечки прават чести грешки поради кои пропаѓа состанокот со девојката која им се допаѓа, а повеќето откако ќе запознаат девојка воопшто...
...не стигнуваат до прв состанок.
Во ред, сте го добиле нејзиниот број, колку дена да се чека пред да и се јавите?
- 1 ден
- 2 дена
- 3 дена
- 4-5 дена
- Цела недела?
Најдобро е да се почека еден, максимум два дена, на тоа позитивно реагираат дури 95% од девојките, само 5% од девојките позитивно реагираат на подолго од два дена. Значи, два дена е најоптимален број. СМС порака не се препорачува.
Договоривте состанок, што понатаму?
- Да ја однесете на ручек, може и на пица
- Да отидете на вечера
- Да отидете во кино, потоа на вечера
- Да отидете на концерт или клуб со жива музика
- Да излезете на пијалак
Најдобри опции се: на прво место да излезете на вечера, на второ - музика во живо или концерт, кино и вечера на трето место, а на крај ручек.
Дури 56% од девојките повеќе би сакале да се најдете во ресторанот каде што сте се договориле за вечера отколку да ја земете од дома. Тоа е поради можноста состанокот да биде неуспешен, па не е неопходно дечкото да знае каде живее таа. Секако љубезно е да се понудите да ја земете од дома, па таа нека одлучи.
Што од наведените работи најмногу и пречи?
- Смислување изговор да отидете кај вас дома
- Да и кажете дека веќе сте се заљубиле во неа
- Да се изнервирате поради нешто
- Да бидете физички наметлив
- Ограниченост во комуникацијата -„Јас сум во право, не ти, многу знаеш ти за што зборуваш, немаш врска...“
Иако сè што е наведено иритира, на прво место е број три. Ако ги изгубите нервите во било кој момент неуспехот ви е гарантиран.
Приказната за заљубувањето е на второ место заедно со потценување. Физичката наметливост не се препорачува на првиот состанок.