5 работи кои нè нервираат кај партнерот
Истражувањата покажале дека браковите и врските влегуваат во криза веќе по три години заеднички живот. Тоа е период кога ја снемува страста...
...а сексуалниот живот станува три пати посиромашен. Дознајте кои 5 работи најмногу не нервираат кај партнерот.
Сите кои што се во врска постојано треба да се на штрек затоа што кризите се сè почести.
Имено 7 години врска, или брак сè повеќе се сметаат како пресвртница во врската, но границата со време се повлекла на само три години. Тоа е период кога ја снемува страста и романтиката, а расправиите стануваат сè почести и сè пожестоки.
Неминовно и сексуалниот живот влегува во кризен период што значи дека оние што ја пречекориле третата годишнина имаат секс три пати помалку од „свежите“ парови.
Како најчеста причина на несогласувањето и нетрпеливоста се наведува приговарањето, но и навиките кои некогаш се сметале симпатични, сега стануваат недозволиви.
Начинот на живеењето си го направил своето. Секојдневното темпо е сè побрзо, работните денови се сè подолги, а партнерите своите приватни животи ги поминуваат одвоено. Статистиката покажала дека просечен пар кој е во брак или врска подолго од 3 години, неделно поминува заедно вкупно 14 часа.
Ова се 5-те работи кои најмногу ги нервираат партнерите:
1. Вишокот на килограми
2. Недостатокот на парични средства
3. Недостаток на лична хигиена
4. Пречести дружења со роднините на партнерот
5. Премалку дружење и излегување со пријателите
Дали би додале уште нешто?