Каде грешат жените во љубовта?
Од првиот состанок до судбоносното „да“ жените прават буквално исти грешки во врската. Тоа не се однесува на сите жени на планетата, но ние ви...
...пренесуваме неколку најчести кои стручњаците советуваат да се избегнуваат.
Често пати по пропадната врска се прашуваме каде сме погрешиле и си ветуваме дека идниот пат нема исто да постапиме. Но, на крајот повторно истото се повторува. Врските се голема игра која има многу планови, тактизирања, манипулации. Секој кој вели дека знае што прави, лаже. Половите се разликуваат и често не се разбираат.
Достапност
Сте го запознале „човекот на вашиот живот“ и сакате секој слободен миг да го поминете со него. Меѓутоа потрудете се да не ги запоставите работите кои до тогаш сте ги сакале и не одете кај него секогаш кога ќе ве повика. Продолжете со вашите дотогашни активности, а за него направете место таман толку колку што треба. Немојте да бидете премногу достапни.
Не скокајте во кревет
Не влетувајте пребргу во кревет со него. Колку и да не опсипуваат со приказни за независноста на жената која знае што сака и се води од своите желби, ако сакате долга врска, причекајте малку. Мажите сакаат жени кои се почитуваат себеси и нема да имаат ништо против прво да се запознаете и да проверите дали сте на иста бранова должина. Одете полека, не ја брзајте ситуацијата ниту кога е сексот во прашање, ниту пак кога се работи за нешто друго – тоа е најдобрата политика.
Не ги заборавајте манирите
Мажите ги ценат зборовите „благодарам“ и „извини“. Можеби звучи старомодно, но да се потсетиме понекогаш и на тие очигледни работи.
Немојте да го живеете неговиот живот
Жените кои ќе дозволат партнерот да ја контролира врската на крајот ќе завршат измамени и огорчени. Бидете најдобри што можете, но прво за себе , потоа за него. Бранете ги своите ставови, работите, луѓето кои ги сакате. Не градете живот околу вашиот маж. Не бидете „очајнички“ кои што не можат да го замислат животот без него. Од таквите тие бегаат трчајќи.
Одбирајте
Уште една голема грешка е да се смирите покрај некој што не ве заслужува, а очајните жени тоа го прават. Можеби мислите дека тој што го посакувате никогаш нема да дојде, но подобро е да се почека отколку да се забавувате со погрешен. Не глумете маченичка, затоа што мажите „намирисуваат“ незадоволна жена. Бидете полни со самодоверба.
Не очекувајте премногу
Не очекувајте премногу од својот партнер. Неисполнетите и површни жени мислат дека бракот ќе им го донесе сето тоа за што копнеат во животот. Но, кога партнерот нема да ги оствари нивните очекувања – тие паѓаат во очај. Одберете партнер кој што ве разбира, а не некој кој ќе ги реши сите ваши животни проблеми.
Преиспитување
Жените најчесто грешат затоа што се преиспитуваат. До ситни, безначајни детали за кои мажите воопшто и не се сеќаваат. Разглобуваат сè што тој рекол, или не рекол, мислел или пак направил. Од тоа сè создаваат „ментални филмови“ кои со време ќе ве доведат до лудило. Опуштете се и обидете се работите да ги гледате од негов агол – тоа што го мислел, тоа и го кажал. Ни повеќе, ни помалку
„Попување“
Една од типичните женски особини која мажите најмногу ја мразат е – попувањето. Немојте да му изигрувате мајка. Кога сакате нешто да му кажете, кажете му го тоа во три реченици. На мажот му треба жена која ќе се гордее со него. Ќе се изненадите колку е кревка нивната самодоверба.
Без промени
Немојте да се обидувате да го смените. Немојте да се занесувате. Не сте вие таа поради која тој радикално ќе се смени. Ако некогаш и се смени тоа ќе го направи - поради себе. А, ако има навики кои ве полудуваат, подобро оставете го на време.