Играчки за жежок секс
Секси играчките се одлични за оние кои во сексот сакаат да пробаат нешто ново. Можете да ги купите во секс шоповите и тоа по пристапни цени.
Освен што ќе ви помогнат да уживате, некои од нив делуваат и благотворно на телото.
Прстен на задоволство
Прстенот на задоволството им е наменет на мажите. Се става на пенисот, а на врвот има мал вибратор кој го стимулира клиторисот. Жените кои тешко доживуваат оргазам со помош на прстенот ќе доживеат поинтензивно сексуално возбудување.
Супер лубриканти
Лубрикантите се многу корисно помагало особено за оние жени кои имаат проблем со лубрикацијата, или им треба помош за да доживеат оргазам. Тие дополнително ја влажнат вагината и така го прават полесен сексуалниот чин. Повеќето лубриканти не предизвикуваат алергиска реакција, но пред да го пробате прочитајте го упатството. Лубрикантите имаат различни ароми, ние ви предлагаме ананас, јагода, кафе...
Весели лисици
Ако сакате да внесете новини во вашиот љубовен живот, тогаш овие весели лисици се одличен избор за вас. Тие се меки, не ги стегаат рацете, па слободно можете да го врзете вашиот партнер за наслонот од креветот или за некое друго место, по ваш избор. Играјте си со нив, но немојте да го губите клучот.
Топчиња за уживање
Топчињата се многу интересна играчка. Освен што ќе ви помогнат да уживате, тие имаат и медицинско значење. Имено кога топчињата ќе се стават во вагината, под дејство на топлината на телото, се шират и се собираат. На тој начин се зацврстуваат вагиналните мускули. Затоа им се препорачуваат и на жените во менопауза.
Вибрирачко јајце
Вибрирачкото јајце се става во вагината. Со далечинско управување сами ја контролирате брзината на вибрациите и така се зголемува степенот на задоволство. Исто така додека вибрира, јајцето ги затегнува вагиналните мускули и така има повеќекратно значење за женското тело.
Ваши предлози?