9 причини поради кои никогаш нема да бидете богати
Постои непишано правило дека богатството во една фамилија може да се одржува до три генерации: Првата го стекнува, втората делумно го троши, а третата троши сè што останало. Се разбира, постојат и исклучоци од ова правило.
Според некои ситуации постојат многу потенцијални милионери, но за тоа да го постигнат мора да искоренат некои лоши навики:
1. Претерано трошење
Ако уживате во трошењето пари, не сте единствени. Според едно ново истражување, 52 отсто од луѓето претерано трошат по навика, а многу од нив земаат и од она што го заштедиле, додека 22 отсто од нив се ослонуваат и на кредитните картички.
Ако секој месец ги трошите сите пари, немате баш некои големи шанси да станете богати. Почнете да обрнувате внимание на што ги трошите парите и видете каде може да ги намалите трошоците и да направите реален месечен буџет кој ќе ви помогне да ги платите сметките и да заштедите.
2. Недоволно штедење
Многу мал број луѓе знаат да штедат, а тоа би требало да биде приоритет ако сакате да бидете богати. Сè што можете тргнете на страна, кога и да ви останат пари.
3. Имате премногу долгови
Некои долгови се добар предуслов за финансиски успех, како купување недвижнина или вложување во работата. Но, некои долгови се целосно непотребни. Кога ги враќате задолжувањата, враќајте ги прво оние со најголема камата.
4. Немате план
Без јасно дефиниран план не може да станете богати. Можеби правењето финансиски план ви звучи тенденциозно, но не мора да биде ако се навикнете на тоа.
5. Немате фонд за итни случаи
Стручњаците тврдат дека мора да имате фонд за итни случаи во кој сте вложувале барем последните 6 месеци. Животот е непредвидлив, па ако не сте осигурени на овој начин, некоја незгодна ситуација може да прерасне и во катастрофа.
6. Доцна сте почнале
Времето брзо поминува. Исто како што е тешко да почнете со вежбање, така е тешко да почнете и со штедење. Дури и ако имате долгови, мала плата и многу трошоци, може да заштедите барем минимално.
7. Повеќе се жалите отколку што се трудите
„Не заработувам доволно“, „Животот е прескап“, „Нема шанси, никогаш нема да се извлечам од долговите“... ако често ви поминуваат вакви мисли или ги зборувате, подобро е да престанете. Ако не го промените начинот на размислување, ништо друго нема да се промени. Престанете да се жалите и да барате изговори. Наместо тоа, преземете одговорност за своите навики и концентрирајте се на тоа за да ги промените.
8. Живеете за денес и не мислите на утре
Не е забавно да размислувате за некоја далечна иднина, пензија и слично, но понекогаш треба да помислите и на тоа бидејќи секојдневното импулсивно трошење води само кон долгови. Направете си услуга и не го применувајте принципот „купи денес-мисли после“, туку водете се според „заштеди денес-збогати се после“.
9. Вложувате сè само во едно нешто
Може да имате среќа ако вложувате во едно нешто, но тоа е како добивка на лото, а не стратегија по која треба да се водите. Вложувањето на сите пари само за едно нешто не се препорачува бидејќи носи голем ризик сè да пропадне наеднаш. Подобро е да вложувате на повеќе страни и во повеќе нешта.