Постојат 7 типа на работници: Во кој спаѓате вие?
Во една компанија постојат најмногу 7 типови на луѓе кои може да ги сретнете. Еден од тие 7, сте токму вие.
Откријте дали колегите ве сметаат за хумористична, намќореста или мрзелива личност.
Тип 1 - Работам напорно
Типот работам напроно, секој ден останува прекувремено сè додека не ја заврши работата целосно.
Не сака многу да разговара, не оди на пауза и е перфекционист. Сака признанија и награди за напорниот труд.
Тип 2 - Мрзлив работник
„Колку помалку, толку подобро“ е мотото на мрзата на работно место.
Овој тип на вработен гледа секогаш со минимален труд да го помине работното време. Останува незабележан и често ги замолува колегите да ја дозавршат неговата работа. Постојано прашува колку е часот.
Тип 3 - Шегаџија
Овој тип го има во секоја компанија. Секогаш е тука да ве насмее со добра шега или виц.
Нема лоша намера, но понекогаш заборава дека всушност се наоѓа на работното место и треба да се однесува професионално. Може несвесно да му упати невкусна шега на директорот, по навика.
Тип 4 - Принц/ Принцеза
Принцот или принцезата на работното место се омилените личности меѓу колегите. Тие секогаш се мили, имаат совршен стајлинг и се нудат за помош.
Најчесто му се умилкуваат на шефот и бараат индиректно покачување на платата.
Тип 5 - Набљудувач
Не зборува, не се интересира за најновите трачеви и не обожава да е во друштво. Седи на своето биро и ја работи зададената задача.
Одвреме на време ќе фрли поглед кон вработените, гледа што прават, за подоцна да ги поткаже на шефот.
Тип 6 - Озборувач
Спротивно од набљудувачот, озборувачот е насекаде. Секогаш има да каже нешто за секого.
Ги знае најновите трачеви и секогаш ќе ви каже се што сака во лице. Доколку се повлече на некое време од неговата функција на озборувач значи дека сте ги повредиле неговите чувства.
Тип 7 - Импровизиран шеф
Секаде постои овој импровизиран шеф. Тој иако е на пониска функција од вашата секогаш мисли дека е во право и си дава за право да ви наредува.
Ги нервира сите со своето однесување, а кај вистинскиот шеф е мирен како маче.
Каде се пронајдовте?