Вежби од теретана што можете да ги правите и дома
Склекови со помош на кревет
- Поставете ги дланките на работ од креветот и застанете во положба за склекови.
- Направете 15 склекови, одморете неколку секунди и направете уште еден сет.
Стомачни со стол
- Седнете на работ на столот, а со рацете држете се за страничните рабови.
- Свиткајте ги колената и придвижете ги кон градите, а потоа исправете ги нозете кон напред, без да ги спуштате на земјата.
Направете 3 сета со по 10 повторувања.
Ова е вежба за стомачни, но кога ја изведувате на овој начин, го активирате целото тело.
Шишиња наместо тегови
- Земете две шишиња вода во секоја рака.
- Поставете ги рацете покрај телото.
- Свиткајте ги лактите и бавно кревајте ги рацете до градите, а потоа бавно спуштајте ги надолу.
Направете 3 сета со по 20 повторувања.
Вежба за грб и раце со крпа
- Фатете ја крпата со двете раце како на илустрацијата лево.
- Спуштајте ги рацете така што крпата ќе биде зад вашата глава.
- Повторно кренете ги рацете и повторете.
Направете 20 повторувања.
Исчекорување со тегови
И овојпат, наместо тегови користете шишиња полни со вода или песок.
- Застанете исправено и поставете ги рацете покрај телото.
- Со десната нога направете чекор напред, така што ќе го доближете левото колено до земјата, но без да ја допирате.
- Вратете се во почетната положба и повторете со другата нога.
Направете 2 сета, со по 10 повторувања за секоја нога.
Спирова С. | Црнобело