За сите кои имаат седечка работа - 4 истегнувања за кои телото ќе ви биде благодарно

Доколку сте од оние кои најголем дел од работното време го поминуваат во седечка положба, тогаш ова се вистински вежби за вас. Веројатно се соочувате со болки во вратот и половината, чести главоболки, трнење во краевите на екстремитетите.

4-istegnuvanja-za-koi-teloto-ke-vi-bide-blagodarno-01.jpg

Можеби го немате луксузот да вежбате за време на паузата, но она што може да го направите се овие едноставни, а ефектни секојдневни истегнувања поради кое телото ќе ви биде мошне благодарно:

Мост

Доколку редовно ја практикувате оваа вежба, ќе почувствувате дека помага во истегнувањето на градниот кош, вратот, ’рбетот и колковите. Истовремено го зајакнува грбот, задникот и листовите.

Ја подобрува крвната циркулација и помага во сузбивањето на стресот и благата депресија.

4-istegnuvanja-za-koi-teloto-ke-vi-bide-blagodarno (1).jpg

Допирање на ножните прсти

Делува лесно, нели? Сепак, потребно е да вложите малку повеќе напор, а доколку навистина сакате предизвик откако ќе ги допрете ножните прсти со рацете, кренете ги стапалата, односно застанете на прстите.

Ќе го ослободите притисокот во колковите, добро ќе ги истегнете листовите на нозете, ќе ги зајакнете препоните и колената, а ’рбетот на овој начин станува посилен и флексибилен.

4-istegnuvanja-za-koi-teloto-ke-vi-bide-blagodarno (2).jpg

Истегнување на коленици со главата надолу

Доколку издржите 5 минути дневно во оваа положба ќе почувствувате мир во умот. Оваа поза делува како апче за смирување, а воедно е одлична за дигестијата на храната. Го истегнува долниот дел од грбот и ги отвора колковите.

4-istegnuvanja-za-koi-teloto-ke-vi-bide-blagodarno (4).jpg

Истегнување на четвртестиот слабински мускул

Овој мускул е делот којшто предизвикува вкочанетост и болки во долниот дел од грбот, односно во половината поради предолго седење и премалку истегнување на телото.

Овој дел од телото мора да се истегнува секојдневно, особено доколку најголем дел од денот го поминувате во седечка положба.

4-istegnuvanja-za-koi-teloto-ke-vi-bide-blagodarno (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Лесни вежби за намалување на болката во грбот по напорниот работен ден Колку често ви се случува да се вратите дома од работа, а грбот да ве боли од се...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg