Вежби за истегнување препорачани од балерините

Да се биде еластична личност не е лесно, а дел од луѓето во светот имаат и генетска предиспозиција за тоа. Другите треба да вежбаат.

vezhbi-za-istegnuvanje-preporachani-od-balerinite-01.jpg

Кога мислиме на грациозност и еластичност, најпрво помислуваме на балерините. Секако, не секој може да игра балет, но истегнувањето и еластичноста на телото не се нешто недостижно.

Без разлика во каква состојба е вашето тело во моментов, вежбите за истегнување сигурно добро ќе му дојдат. Никој не очекува да успеете да ги направите при првиот обид, но доколку не се откажете, по одреден период ќе умеете да се истегнувате и загревате како што тоа го прават балерините.

Вежба 1

Застанете со раширени нозе, но стапалата поставени паралелно едно на друго. Наведнете се полека и обидете се да го допрете прстот од левата нога со десната рака. Останете така, па обидете се да го направите истото и на другата страна.

Доколку не можете да ги допрете ножните прсти, само прекрстете ги рацете така што ќе се допираат во делот кај лактите. Останете така 30 секунди.

Оваа вежба ќе ви ја раздвижи крвта и ќе ви помогне да ги затегнете мускулните листови на нозете.

vezhbi-za-istegnuvanje-preporachani-od-balerinite-02.jpg

Вежба 2

Оваа вежба е исто така наменета за мускулите на нозете и почетниците може да имаат потешкотии при изведувањето.

Наместете се на колената и потоа обидете се едната нога да ја исправите нанапред. Помагајте си со рацете. Правилно ја изведувате кога целото стапало ќе биде на површината пред вас. Не очекувајте дека ќе успеете веднаш во оваа вежба.

Пред да ја смените ногата, задржете се 30 секунди во положбата.

vezhbi-za-istegnuvanje-preporachani-od-balerinite-03.jpg

Вежба 3

Одлична вежба за оние кои поминуваат долго време во канцелариските столчиња. Наменета е за затегнување на колковите, мускулите на нозете и за исправување на грбот.

Навалете се кон едното колено, а ногата што останува назад треба да се потпира на прстите. Со раката која е спротивна на предната нога потпрете се на подот, а другата рака кренете ја во воздух, истегнувајќи го грбот.

Исто и оваа вежба може да биде навистина тешка, но по извесно време ќе ви влезе во рутината.

vezhbi-za-istegnuvanje-preporachani-od-balerinite-04.jpg

Вежба 4

Оваа е можеби најлесната во оваа комбинација вежби. Седнете на земја. Едната нога исправете ја пред вас, а другата свиткајте ја така што стапалото ќе го допира коленото на првата. Со спротивната рака обидете се да го допрете стапалото од испружената нога.

Доколку има потреба, поднаведнете се, но погрижете се грбот да ви е што поисправен.

vezhbi-za-istegnuvanje-preporachani-od-balerinite-05.jpg

Вежба 5

Страничното истегнување исто така е важно. Седнете со нозете раширени максимално што можете. Едната свиткајте ја во коленото и држете ја што поблиску до телото.

Со целото тело, странично наведнувајте се кон испружената нога, без да ги изместувате рамениците.

vezhbi-za-istegnuvanje-preporachani-od-balerinite-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
Лесни вежби за намалување на болката во грбот по напорниот работен ден Колку често ви се случува да се вратите дома од работа, а грбот да ве боли од се...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
Вежби за рамни стапала – ја намалуваат и болката Рамните стапала се релативно честа појава и можат да предизвикаат болка, па преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg