Билдерот во тесна маица и женската што сите ја манијачат - ликови кои ќе ги сретнете во теретана

Дотераниот – Тоа е човекот кој вежба во најновите спортски модели (и тоа ептен затоа што е срамота со кошула да вежба). Секогаш е свежо избањат и намирисан со некој скап парфем. Доколку се прашувате што би правел волку среден човек во теретана, тоа е затоа што е дојден да си фати девојка. За разлика од дилберот, тој е дојден за да го достигне своето летно тело. Целта му е кога ќе отиде на одмор да изгледа најфит што може, а до тогаш, ќе даде сѐ од себе да шармира колку што може повеќе посетителки на теретаната.

14-likovi-koi-kje-gi-sretnete-ushte-na-prvoto-odenje-vo-teretana-05.jpg

Миризливиот – Ова е лик кој најчесто практикува да јаде лук или кромид пред неговото одење во теретаната. Тој исто така се води по тоа дека најубаво се вежба со немиени пазуви, при што кога тој е во теретаната, на радиус од 10 до 20 метри нема никој околу него. Додека вежбате со него во истата просторија, вие имате три опции... или ќе си отидете дома, па ќе дојдете подоцна, или ќе вежбате во другиот крај од теретаната, или ќе се молите да не ви се обрати на вас.

Стариот – Во секоја теретана има барем еден вежбач во години, кој и покрај својот изглед, е можеби еден од најспремните вежбачи. Дојден е за да се одржи во форма, и сака да биде фит. Ова е човекот кој може да крене поголема тежина од повеќето млади вежбачи, меѓутоа затоа што му е непријатно да ги посрамоти помладите, не сака да се изложува и да привлекува внимание.

14-likovi-koi-kje-gi-sretnete-ushte-na-prvoto-odenje-vo-teretana-06.jpg

Господинот со двата поздрава – Ова е човек на кој не му е срам од својата машкост, и се шета гол во соблекувалната. Единственото нешто што е тука проблематично е тоа што не мавта само со раката кога ги поздравува колегите вежбачи... Овој лик е главната мотивација на сите во моментот присутни во соблекувалната да побрзаат со облекувањето и да ја напуштат просторијата што е можно побрзо.

Повеќе од пријателски настроената госпоѓа – Во секоја, ама во секоја теретана има барем една постара жена која што е на повеќе од пријателска база со инструкторот. И покрај тоа што се труди да биде дискретна и неприметлива, постојаното смешкање и допирите за половина ја издаваат ситуацијата. Оваа госпоѓа се смее на секоја шега која ќе ја каже инструкторот, колку и да не е смешна.

Елегантно пополнетиот Свесен за својата килажа, овој човек дошол во теретаната со надеж дека ќе ослабне. За жал, овој лик најчесто мисли дека само со вежбање може да ослабе, а не со укинување на два три оброка во денот од седумте кои ги има. Елегантно пополнетиот господин доаѓа во теретаната сѐ додека инструкторот не го искара за неговата исхрана. Кога ќе му ја навредат љубовта, тој се чувствува како да мора да бира помеѓу саканата и теретаната, па ја завршува својата врска со теретаната.

14-likovi-koi-kje-gi-sretnete-ushte-na-prvoto-odenje-vo-teretana-07.jpg

Човекот кој фаќа сеир – Во кратки црти ова сум јас. Јас и таквите како мене одиме во теретана за да се посмееме на туѓа мака повеќе отколку што одиме за да повежбаме. Бидејќи теретаната претставува ризница на бисери, овие настани ги користиме за да кажеме забавна приказна пред друштвото. На крајот од денот, шегата е на наша сметка, затоа што за разлика од другите посетители на овој спортско-рекреативен објект, ниту ќе имаме тело за на плажа, ниту пак ќе го „шмекнеме“ инструкторот.

еНВи | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
8 вежби што сигурно ги правите погрешно во теретана Дали кога кревате тег на клупа имате навика да го искривувате грбот? Тогаш можеб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg