Совети од фитнес експерт: Јадете спанаќ, не пијте со цевки и не правете многу кардио вежби

Иако многумина веруваат дека им требаат скапи креми и третмани за слабеење за да изгледаат младолико и фит, постојат мали трикови со кои можете да го постигнете тоа.

soveti-od-fitnes-ekspert-jadete-spanakj-ne-pijte-od-cevki-i-ne-pravete-mnogu-kardio-vezhbi-01.jpg

Белинда Нортон е фитнес експерт и мајка на 3 деца и изгледа одлично за нејзините 38 години.

Таа на својот блог сподели совети со кои ќе го забавите стареењето и ќе изгледате свежо и фит.

Јадете боровинки секој ден

Белинда советува да јадете боровинки секој ден за појадок, и тоа свежи или во смути. Доволно е една рака боровинки во комбинација со нешто друго.

Боровинките се полни со антиоксиданси и витамини што го забавуваат стареењето на кожата, а добро делуваат и на мозокот и циркулацијата на крвта.

soveti-od-fitnes-ekspert-jadete-spanakj-ne-pijte-od-cevki-i-ne-pravete-mnogu-kardio-vezhbi-02.jpg

Правете ексфолијација на кожата

Белинда прави ексфолијација на кожата на лицето на секои три дена, со квалитетен производ за таа намена. Овој третман ја намалува појавата на брчки и го чисти лицето од токсини.

Вежбајте кардио вежби, но поретко

„Сакам да трчам, но претераното трчање може да има спротивен ефект врз телото. Порано многу трчав, сé додека не увидов дека трчањето ми прави голем стрес на телото.

Не треба да се претерува со кардио вежби бидејќи може да го оптоварите срцето. Сега трчам од 3 до 7 километри, а преферирам аеробик и други вежби за телото.“

soveti-od-fitnes-ekspert-jadete-spanakj-ne-pijte-od-cevki-i-ne-pravete-mnogu-kardio-vezhbi-03.jpg

Не користете цевки за пијалаци

Цевките предизвикуваат појава на брчки околу устата, па избегнувајте ги колку што е можно повеќе.

Јадете храна која ѝ дава сјај на кожата

Сјајниот изглед на кожата е знак дека се храните здраво, а со тоа и изгледате помладо. Белинда препорачува да јадете спанаќ дури 5 пати неделно – во салати, со ориз или со јајца.

Секој ден треба да јадете и бадеми, а се секој оброк пожелно е да вклучите и зеленчук.

soveti-od-fitnes-ekspert-jadete-spanakj-ne-pijte-od-cevki-i-ne-pravete-mnogu-kardio-vezhbi-04.jpg

Правете си топла бања еднаш неделно

„Нурнете“ се во топла бања во кадата барем еднаш неделно. Во водата пожелно е да додадете малку лимон или некое есенцијално масло за убава арома.

На овој начин, ќе ги опуштите мускулите, ќе ги исчистите порите, а ќе го релаксирате и умот.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg