Илустрации: Кој мускул го истегнувате со секоја вежба?
Истегнување на странични мускули
Застанете исправено со раширени нозе, а потоа наведнете се на една страна и раширете ги рацете – со едната држете се за ногата, а другата исправете ја нагоре и тегнете се колку што можете повеќе.
Истегнување на горни странични мускули
Застанете исправено пред ѕид, ставете ги рацете на ѕидот и свиткајте се нанапред во позиција како на сликата. Потоа полека горниот дел на телото туркајте го надоле.
Истегнување на мускулите во горниот заден дел на ногата
Исправете се и ставете го едното стапало понапред од другото притоа држејќи го грбот исправен. Ставете ги рацете на колковите и свиткајте го телото нанапред. Повторете ја вежбата со другата нога.
Истегнување на внатрешните мускули на нозете
Седнете и спојте ги стапалата, а колената свиткајте ги како на сликата. Држете го грбот исправен и внимателно туркајте ги колената надоле со рацете обидувајќи се да го допрете подот.
Истегнување на предните мускули на ногата
Седнете на земја и ставете ја едната рака зад грб на подот. Десната нога свиткајте ја така што стапалото ќе дојде над левата нога која ќе ви биде исправена. Држете така 10-тина секунди и потоа сменете ја ногата.
Истегнување на задниот дел на нозете
Седнете на под со исправени и споени нозе. Допрете ги стапалата со раце и полека наведнувајте се нанапред.
М. М. | Црнобело