Илустрации: Кој мускул го истегнувате со секоја вежба?
Истегнувањето е многу важно не само за оние кои активно спортуваат, туку и за оние кои немаат никаква физичка активност.
Телото треба добро да се истегне од глава до петици, а ако сакате да знаете со која вежба кои мускули се тегнат, погледнете ги сликите во продолжение.
Овие вежби ги препорачува шпански фитнес тренер и е добро да ги практикувате редовно.
Не заборавајте да дишете нормално, а во секоја позиција задржувајте се од 10-30 секунди.
Истегнување на предните мускули на вратот
Ставете ги рацете на колковите, исправете го грбот и полека навалувајте ја главата наназад.
Истегнување на странични мускули на вратот
Исправете го грбот и со помош на левата рака виткајте ја главата налево. Обидете се да го допрете левото уво со левото рамо. Повторете ја вежбата на другата страна со десната рака.
Истегнување на долниот дел на грбот
Легнете на земја во кучешка поза и полека враќајте ги колковите наназад исправајќи ги рацете. Обидете се да го допрете подот со челото.
Истегнување на стомачни мускули
Застанете на земја на колена и потпрете ги дланките на петите. Потоа полека туркајте ги колковите напред-назад.
Истегнување на пекторални мускули
Застанете исправено со лицето кон ѕид. Ставете ја едната рака на ѕидот и полека оттурнувајте го телото од неа настрана. Повторете со другата рака.
Истегнување на карлични мускули
Седнете на под и раширете ги нозете. Не ги виткајте колената и држете ги нозете споени со подот. Свиткајте го телото нанапред лизгајќи ги рацете кон потколениците и потоа исправете го телото.
Странично истегнување на мускулите на рамото
Ставете ја едната рака исправено во покрај телото во висина на рамото и со другата рака стискајте ја кон себе за повеќе да ја истегнете. Повторете со другата рака.