Како изгледа еден тренинг на девојката со преку 70 милиони прегледи на YouTube?
Никогаш доста од мотивација за вежбање и згодно тело, нели? А, кој може да ни даде поголема мотивација од згодната Тејана Тејлор, девојката од спотот на песната на Канје Вест - „Fade“?
Нејзиното фит тело е видено преку 70 милиони пати, колку што изнесува бројот на прегледи на овој спот наYouTube досега.
Тејана е пејачка и актерка која привлече огромно внимание со нејзиниот изглед и интересните танчерски способности кои ги покажа во спотот на Канје.
Уште откако излезе спотот, сите се прашуваа што прави оваа девојка за да изгледа толку добро. Сигурно вежба секој ден, се храни здраво и е 100% посветена на здрав начин на живот.
Конечно имаме одговор на ова прашање во форма на програма за вежбање која може да следат сите. Програмата се вика Fade2Fit и преку неа ќе успеете да го трансформирате телото за 90 дена.
Потребно е да се придржувате кон планот за тренинзи и исхрана кој го предлага програмата и резултатите ќе ги постигнете за само 3 месеци. Тејана ги одбра сите вежби, а станува збор за динамичен тренинг кој комбинира неколку техники на вежбање, а дополнителна мотивација даваат хитовите во trap ритам на кои вежба и Тејана.
Пријавувањето е на официјалната веб-страница на програмата, а ако ви треба уште мотивација да го промените досегашниот начин на живот, погледнете го видеото од Fade уште еднаш.
М. В. | Црнобело