Најбрзиот тренинг од Кајла Итсинес: 4 вежби за почетници
Кајла Итсинес слободно можеме да ја прогласиме за највлијателната фитнес ѕвезда на Инстаграм со над 7 милиони следбеници.
Секојдневно споделува фотки и видеа од тренинзи, трансформации и препораки за слабеење, а сега реши да им помогне на оние кои сè уште не ја пронашле својата мотивација.
Кајла предлага 4 вежби кои се прават брзо и лесно, а се одлични за сите почетници.
Не ви треба никаква опрема, освен удобна облека за вежбање.
Почнете со повторување на вежбите во времетраење од 7-8 минути, а потоа може да зголемите до 20-30 минути дневно.
Вежба број 1
Застанете исправено, а потоа едната нога вратете ја наназад додека клекнувате. Задржете неколку секунди, а потоа истата нога кренете ја во воздух, во висина на градите.
Направете 12 повторувања со секоја нога.
Вежба број 2
Застанете исправено, со малку раширени нозе. Свиткајте ги колениците како за чучнување, но бедрата да ви бидат паралелни со подот. Рацете спуштете ги на земја. Потскокнете и испружете ги нозете наназад, како за склекови. Потоа со скок вратете ги во првобитната позиција.
Направете 20 повторувања.
Вежба број 3
Потпрете се на земја со испружени нозе наназад. Десната оставете ја потпрена на подот, додека со левата ќе се обидете да го допрете десниот лакт. Потоа променете ја страната.
Со секоја страна направете 40 повторувања. Ако ви е многу, почнете со 20.
Вежба број 4
Легнете на подот во позиција за стандардни стомачни. Нозете свиткајте ги кај колениците, па едната кренете ја и потпрете ја како на сликата. Правете странични стомачни.
После 12 повторувања кренете ја другата нога и продолжете.
М. Д. | Црнобело