3 работи кои треба да ги направите веднаш по тренингот
Она што ќе го направите веднаш по тренингот е исто толку важно колку целиот напор кој сте го вложите. Откријте како да ги избегнете воспалените мускули, вртоглавицата и дехидратацијата.
1. Истегнете се
Откако ќе потрошите 1 час во напорни вежби, следно што треба да направите е да им посветите барем уште 5 минути на вашите мускули. Фокусирајте се на размрдувањето од глава до пети, но сконцентрирајте се на тетивите, квадрицепсите и секој глужд, затоа што тие се најактивни во текот на вежбањето. Не ги заборавајте и стомачните мускули.
2. Наполнете се со енергија
Поинаку кажано, јадете. Токму храната е она што ви овозможува да го постигнете максимумот. Благодарение на правилно одбраната храна, организмот се обновува и зајакнува. Најдобро е да консумирате микс од јаглени хидрати, протеини и масти. А, ако не сте расположени за обилен оброк, задолжително испијте енергетски пијалак домашно приготвен или чоколадно млеко.
3. Хидрирајте се
Интензивниот тренинг обично значи губење на водата од телото преку потење. Иако непрестанато внесувате вода во текот на вежбањето, таа количина не е доволно. Погрижете се да се хидрирате со пијалак кој содржи електролити. Што значи тоа? Ќе се чувствувате многу подобро ако по тренингот испиете сок од домати или јогурт.