Зошто нè боли од страна кога трчаме?

Веројатно секој барем еднаш ја почувствувал болката од страна на абдоменот до која главно доаѓа на сред трчање или долго смеење.

zosto-ne-boli-od-strana-koga-trcame-01

Ако сте помислувале дека тоа е нешто опасно, ослободете се од стравот бидејќи тоа е сосем вообичаено и нормално.

Трчањето и смеењето се активности кои имаат барем едно заедничко нешто – напрегнувањето на дијафрагмата.

Кога силно се смеете вдишувате многу воздух, ги ширите градите и така ја туркате дијафрагмата надолу.

Но, во исто време вашите стомачни мускули работат и ја туркаат дијафрагмата нагоре. Сето тоа се случува многупати во една минута и додека силно се смеете.

Оваа компресија на дијафрагмата која се повторува повеќе пати може да доведе до болка. Исто тоа се случува и при трчањето.

zosto-ne-boli-od-strana-koga-trcame-1

Понекогаш се случува да се смеете многу, па покрај болката од страна на стомакот да почне да ве боли и десната рака.

Ако некогаш ви се случило ова тогаш треба да знаете дека ова може да биде трауматично искуство бидејќи симптомите изгледаат како срцев удар.

Но, во прашање е само грч, бидејќи истиот нерв кој се наоѓа во дијафрагмата доаѓа и до десната рака.

За да го избегнете ова обидете се да се смеете со прекини. Помеѓу два напливи на смеа направете пауза со две длабоки вдишувања. Избегнувајте големи оброци пред трчањето.

Би можело да ве интересира:

14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
Водич: Како да се вратите во форма за еден месец, само со пешачење? АКо се „улегнавте“ во летниот период, можете да се вратите во форма само со пеша...
Лесни вежби за намалување на болката во грбот по напорниот работен ден Колку често ви се случува да се вратите дома од работа, а грбот да ве боли од се...
Вежби за рамни стапала – ја намалуваат и болката Рамните стапала се релативно честа појава и можат да предизвикаат болка, па преп...
Една вежба со која ќе ја намалите болката во ‘рбетот (и да имате подобро држење на телото) Ако ја повторувате вежбата секој ден, со текот на времето ќе почувствувате дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg