Секси до лето: Фитнес апликации за вашиот мобилен телефон
Доколку и вие започнавте да го подготвувате вашето тело за летната сезона, тогаш задолжително морате да имате барем една од овие фитнес апликации на вашиот телефон.
Со овие апликации секогаш ќе се придржувате кон диетата или пак времето на вежбање, бидејќи тие ќе ви помогнат за да постигнете резултати за пократок временски период.
Мобилните во рака и пронајдете некоја од овие апликации во вашиот мобилен маркет:
Lose it
Оваа апликација мора да ја имате бидејќи таа е повеќе како дневник за исхрана и тренинзи кој со сигурност ќе ви притреба. Тука всушност внесувате сѐ што сте консумирале во текот на денот и апликацијата ви открива колку калории имате внесено. Откога ќе го внесете тренингот ќе добиете резултат колку калории сте внеле, а колку сте потрошиле и на тој начин вежбањето ќе ви оди полесно.
GoodFoodNearYou
Оваа апликација е совршена за оние кои често патуваат и не сакаат често да консумираат само брза храна. Врз база на GPS локацијата оваа апликација ќе ви ги покаже сите места во близина кои имаат добра и здрава храна.
Nutrition Tips
Совети за здравата исхрана кои нуди некои интересни информации кои со сигурност досега не сте ги знаеле. На пример, дали знаете дека лубеницата мора да се фрли два часа откога ќе биде пресечена?
RunKeeper Pro
Оваа апликација ќе ви биде од голема корист доколку сте спортист и често имате физичка активност. Исто така ќе им користи на велосипедисти и маратонци, бидејќи истата ја забележува на мапа целата ваша рута и брзина. На тој начин ќе можете константно да ги споредувате вашите резултати и да гледате како напредувате.
iTreadmill
Доколку немате време за да одите во фитнес центар, тогаш имајте ја оваа апликација. Таа ќе го забележи секој ваш чекор, секое движење и просечната брзина на вашето одење. Оваа апликација работи одлично, без разлика дали се наоѓа во вашиот џеб или чанта.
iFitness
Оваа е една од најпопуларните апликации и нуди преку 230 вежби и преку 100 видеа кои содржат упатство за правилно правење на вежбите. Можете да додавате ваши вежби, но имате и 12 вежби кои се креирани од страна фитнес инструктори. На оваа апликација имате бројачи, графички прикази на тренинзите и ефектот на слабеење.
Која е вашата омилена фитнес апликација?