Мислите дека е нормално кога ќе видите куче во оваа поза? Размислете уште еднаш
Барем еднаш во животот, сигурно сте виделе маче или куче кое со главата е припиено за ѕид, па бидејќи мислите дека е „само малку тажно“, ви делува симпатично и добивате желба да го гушнете.
Но, она што многумина не го знаат е дека ова е прв аларм за тревога.
Зошто милениците ја притискаат главата до ѕидот или некој друг дел од мебелот?
Ова е прв знак дека патат од невролошки пореметувања и е прв знак за итна помош.
Туркањето на главата во тврда површина може да биде прв знак дека миленикот пати од вода во мозокот, менингитис, енцефалитис, мозочен удар, тумор на мозокот, воспаление, инфекции, па дури и тешка траума.
Други пропратни симптоми може да бидат неочекувани напади, оштетување на видот, неправилни рефлекси, одење во круг и бесцелно шетање.
Запаметете дека милениците не можат да ни кажат кога се болни. Наша задача е да ги забележиме промените и симпромите и да реагираме што е можно побрзо.