5 лекции за животот кои ги научив откако решив да вдомам кученце од улица
Постојано живееме едно исто секојдневие, една иста монотонија во која гледаме само право, десно, лево никако, живееме во една кутија и не се обидуваме да излеземе од неа.
Јас решив да излезам и да научам нешто ново за светот околу мене, надвор од кутијата со вдомување на кученце од улица.
Ова се 5 лекции кои ги научив од мојот поинаков избор од стандардниот:
1. Секој заслужува љубов
Го пронајдов кученцето во пакет на улица и едноставно не можев да го оставам таму, беше отприлика две недели старо.
Кога го видов како плаче веднаш си помислив дека можеби не е јадено, нешто го боли или едноставно му е страв од околината, не можев да го оставам така, си реков во себеси: Секој заслужува љубов на овој свет, па така и ова кученце, зошто да умре на улица, кога може да живее.
2. Трпението е најважно во животот
Додека да научам како да го хранам, како да лази по земја, како да го успијам, како да извршува физиолошки потреби и каде, ми требаше многу трпение.
Сфатив дека доколку нештото сакаш да направиш на правилниот начин понекогаш мораш да бидеш трпелив сè додека истото не се случи, а овој пат се случуваше бавно бидејќи сепак се работеше за живо суштество кое треба да се научи како да се грижи само за себе понатаму.
3. Не може секој да се грижи за себе
Со тоа што го чував, го хранев и се грижев за него кога не можеше сфатив дека во светот не само миленици, туку постојат и луѓе кои не можат да се грижат самите за себе, а некој треба да им помогне.
Сега не би размислувала дали да помогнам некому доколку забележам дека му е потребна помош.
4. Милениците се љубоморни како луѓето
Бидејќи имав друго куче кое живееше со мене пред да го вдомам малечкото, сфатив по неговите реакции дека беше љубоморно бидејќи со некој го делеше моето внимание.
Но, по извесен период се навикна на него и започна да го чува, сфати дека наместо љубомора може да развие љубов кон него и да го прифати како што ги имав јас прифатено и двајцата.
5. Вистинската мајка не е секогаш онаа вистинската
Не значи дека мајка можеш да бидеш само ако си родил живот, мајка стануваш кога ќе се грижиш за нечиј живот, го негуваш, го растеш, без разлика дали е твое или не, без разлика дали е милениче или човек.
На ова милениче одлучув јас да му бидам вистинска мајка и покрај тоа што некој несовесен одлучил да го оддели од неговата вистинска.