Што ќе се случи со вашето тело ако ве касне змија?
Бидејќи и кај нас има змии, сигурно барем еднаш сте се запрашале што ќе ви се случи ако ве касне некоја од нив. Ако станува збор за неотровна змија, веројатно нема да ви биде ништо. Но, на забите и на неотровните змии се наоѓаат многу бактерии, па постои ризик да добиете тетанус. Некои луѓе, пак, се алергични на плунката на змиите, дури и оние неотровните, па каснувањето може да им предизвика проблеми. Погледнете го видеото и дознајте што ќе се случи со вашето тело ако ве касне змија.