Како сами да ја скратите долгата брада во домашни услови?
Долгата брада изгледа одлично, но дефинитивно бара многу нега и редовно скратување. Доколку одамна не сте биле во можност да одите кај професионалец, на вашата брада сигурно ѝ треба малку средување. Иако можеби ви се чини комплицирано, можете и сами да го направите тоа, а ова видео ќе ви покаже како. Во видеото се објаснети четири чекори за средување на брадата, кои вклучуваат миење, расплетување, средување на внатрешниот и средување на надворешниот дел. Вие само треба да ги следите инструкциите.