Како сами да направите заштитна маска?
Ширум целиот свет се појави недостаток од заштитни маски, најмногу бидејќи од страв, луѓето ги купија речиси сите. Но, можете и сами да направите заштитна маска, а сè што ви треба се игла, конец и парче ткаенина. Само имајте на ум дека сè уште не е познато колку се ефективни маските изработени дома и дека ова е видео од забавен и едукативен карактер, а поради тоа не може да ги замени советите и препораките од професионалците.