Трикови за максимално користење на малиот простор во домот
Нема кој не би сакал да живее во огромна куќа или огромен стан, но понекогаш треба да се задоволиме и со малите домови. Но, во секој мал дом најголем проблем е складирањето на сите работи што ги поседувате. Па, треба да одлучите дали ќе се ослободите од нешто, или ќе се навикнете да живеете во „натрупана“ просторија. За среќа, постојат многу трикови што ќе ви помогнат ефикасно да го искористите секој агол од вашиот дом, а ова видео го нуди токму тоа. За некои проекти ќе ви треба малку повеќе работа, но, на крај, дефинитивно ќе се исплати.