Како изгледа небото на другите планети?



Сте посакале ли некогаш да погледнете низ прозорецот и да го видите небото на Марс? А, сте посакале ли некогаш да уживате во зајдисонцето на Нептун? Поради различната атмосфера, различната гравитација и голем број други фактори, небото на другите планети и месечини може да изгледа многу поразлично од нашето. На пример, бидејќи Меркур речиси и да нема атмосфера, небото таму изгледа како да гледате во вселената, надвор од орбитата на Земјата. Венера, од друга страна, има навистина густа атмосфера и многу облаци, па во текот на денот не се гледа сонцето, а навечер не се гледаат ѕвездите. Погледнете како изгледа небото на другите планети и месечини.

The HWD Facebook commenting plugin is not published