Глутенот е штетен и уште 7 популарни митови за храната
Глутенот е штетен
Глутенот е вид протеин кој се наоѓа во многу видови храна, како леб, тестени и житарици.
Освен ако немате целијакија или друг здравствен проблем поради кој не можете да јадете глутен, нема потреба да го избегнувате бидејќи не е штетен.
Јаглехидратите се штетни и дебелеат
Јаглехидратите се неопходни за правилно функционирање на организмот.
Тие му даваат енергија на телото, штитат од болести, па дури помагаат и во контрола на тежината.
Што значи, никако не треба целосно да ги исфрлите од вашата исхрана.
Единствено треба да бидете умерени – препорачливо е јаглехидратите да сочинуваат од 45% до најмногу 65% од дневниот внес на калории.
Портокалот и лимонот имаат најмногу витамин Ц
Иако ова се овошјата со кои го поврзуваме витаминот Ц, тој се наоѓа и во други овошја и зеленчуци.
Храната со најмногу витамин Ц вклучува киви, пиперки, јагоди, домати, брокула и зелка.
Слаткиот компир е поздрав од „обичниот“
И слаткиот и „обичниот“ компир имаат многу хранливи материи како калиум, калциум, магнезиум и витамини А, Б6 и Ц.
Најголема разлика има кај витаминот А кој е многу поконцентриран кај слаткиот компир.
И двата вида компир имаат речиси иста калориска вредност и исто количество масти.
Сето ова значи дека ако не ви се допаѓа вкусот на слаткиот компир, нема потреба да го користите како замена за обичен.
Многу поважно е како ќе го приготвите компирот - на пример, помфритот никогаш нема да биде здрав, без разлика дали е од сладок или обичен компир.
Спирова С. | Црнобело