Трикови како да си го направите животот посреќен и полесен (според науката)
Пијте кафе два часа откако ќе се разбудите
За максимално да го почувствувате ефектот на кафето, испијте го околу два часа откако ќе се разбудите.
Причината за ова е хормонот кортизол. Тој го достигнува пикот околу 45 минути откако ќе се разбудиме, а потоа постепено опаѓа.
Па, околу два часа по будењето, нивото на кортизолот е многу пониско и кафето навистина ќе ве освежи.
Немојте да јадете доцна навечер и ќе го намалите апетитот
Треба да ја направите само оваа промена за полесно да го регулирате апетитот и да се ослободите од вишокот килограми.
Бројни истражувања покажале дека јадењето доцна навечер го стимулира дебелеењето, но и го зголемува апетитот следниот ден.
Нема потреба целосно да го избегнувате шеќерот
Освен ако немате проблеми со здравјето кои го налагаат тоа, нема потреба целосно да се откажете од шеќерот и благата храна.
Ако сте умерени, шеќерот, заедно со рафинираниот, без проблем може да биде дел од здравиот начин на исхрана.
Препорачливо е шеќерот да сочинува најмногу 10% од дневниот внес на калории за да ги избегнете последиците како дебелеење.
Спијте со партнерот за да го подобрите менталното здравје
Истражување направено на Универзитетот во Аризона покажало дека спиењето со партнерот го намалува ризикот од апнеја, ја намалува несоницата и, генерално, го подобрува квалитетот на сонот.
Покрај тоа, испитаниците кои спиеле со нивниот партнер поретко пријавувале проблеми како анксиозност и депресија.
Спирова С. | Црнобело