„Работам во градската болница во Велес – ќе ви ја раскажам трогателната приказна за дедо Трајче и дедо Цобе, пријатели од стар ков“
Следниот ден ме чекаа резултатите од компјутерската томографија. Изгледаше како малигнитет. А од тоа и се плашев претходниот ден.
Како што знаев и умеев, и како што бевме обучени на факултет, почнав да му кажувам на дедо Трајче за што станува збор. Само според етичкиот кодекс, мораше да му се каже само на пациентот, па веднаш алудирав на тоа дека мора да сме сами да му кажам.
„Аааа, тоа не“, ми рече дедо Трајче. „Цобе знае сѐ за мене, па слободно кажи си.“
Издивнав полека и им кажав. Му објаснив на дедо Трајче дека не се гледа проширување на компјутерската томографија, и дека треба да се изврши хируршки зафат, и дека ќе биде супер. Изразите на лицата им се сменија за момент, ама веднаш потоа почнаа да се смеат и да се шегуваат на своја сметка. Како тоа да не беше важно, како болеста да не беше важна.
Поминаа уште неколку денови, и дедо Трајче и дедо Цобе изгледаа супер, а кажуваа дека и се чувствуваат одлично. Се гледаше од самиот почеток дека беа јаки и здрави дедовци, и баш поради тоа и лесно го победија вирусот.
Пред да беа отпуштени, му кажав на дедо Трајче што и како да прави. Му дадов контакт од Онкологија од Скопје и од еден хирург за да може да закаже операција. Му реков да ме информира што и како направил, за ако можам некако да помогнам. Се поздравивме топло и се разделивме.
Поминаа две години од пандемијата а јас немав слушнато ништо ни за дедо Трајче ни за дедо Цобе. Не сакав да „копам“ и да се интересирам што се случило со нив, бидејќи донекаде и тоа беше нарушување на нивната приватност.
Пролетта 2022 кога одев на работа, после толку време, го сретнав дедо Трајче на улица. Ама тој не ме позна. Како би ме познал кога бев со три маски, и цел скафандер додека беа во болница.
„Не ме позна дедо Трајче“, му реков со насмевка. Потоа му се претставив.
„Ооо, не те познав ќерко извини“, ми рече.
Забележав дека одеше со бастун и малку накривуваше.
„Се оперираше значи? Гледам се испаднало супер...“
„Да ќерко, ама и не“, ми рече. „Ај да седнеме малку на клупава.“
Не сакав да го одбијам, па тоа и да значеше дека ќе задоцнев на работа. Го немав видено со години, а сакав да знам што и како се случило.
„Каде ти е дедо Цобе?“
Видов одма дека се натажи.
„А Цобе си отиде“, ми рече.
„Како бе дедо Трајче?“ прашав во шок.
И тогаш ми раскажа сѐ.
Неколку месеци откако ги отпуштивме од болница, дедо Цобе починал од слабост на срцето.
„Како да знаеше дека ќе умре,“ рече дедо Трајче. „И цело време ми повторуваше да одам да направам операција и да примам од тоа хемотерапијата. Ама секој ден и тоа неколку пати на ден.
И јас заради него отидов. Го послушав.
И он си почина прв. А јас мислев дека јас ќе си отидам прв.
Многу е краток животот ќерко, многу. Гледам за што се караат младиве, не зборуваат... се мразат родители со деца, браќа со браќа, сестри со сестри, сите само раскарани. А животот е толку краток и човек не знае кога ќе си отиде... не се враќа времето. Ама не разбираат младиве... јас само ради него се оперирав.
И тоа ми се враќаше ракот три пати овие години. И три пати се оперирав и примав хемотерапија. Оти ме заколна да се борам.
Е тоа ти е пријател ќерко моја. Сега ги нема такви. Ретки се... Навистина делевме сѐ... животот си го поделивме и бевме како едно, и покрај нашите сопруги и деца. Животот е многу полесен кога имаш таков пријател покрај себе.“
„Многу ми е жал дедо Трајче“, чувствував како ми надоаѓаа солзи, ама не можев да си дозовлам да заплачам. „Ти сега да се гледаш и чуваш, и да си го чуваш во срцето. Преку сите тие сеќавања он е таму.“
„А ние ќе делиме и вечност кај Господ“, ми рече. „И на небото.“
„Така е“, реков.
„Јас ако сум стар, ама знам што сме зборувале, и кога бевме во болница. Ние на зафрканција рековме демек ќе бидеме погребани еден до друг, ама така и ќе биде.“
„Како така?“ прашав.
„Е ќерко, па сега се враќам од новите гробишта. Да си го видам местото што го купив кога он почина. Одма до него.“
Откако се збогувавме не знаев како отидов на работа. Не од неможност, туку од солзите кои ми ги замаглуваа очите. Одамна немам плачено така. Без глас, а солзите да течат без престан.
И навистина е така. Не знаеме што губиме кога губиме некој. Затоа, не треба да паднеме во очај пред вечноста на нашиот живот.
Треба да се бориме. Треба да се огледуваме на нашите претци, на нашите баби и дедовци, и нивните вредности.
Да се огледуваме на љубовта која искрено ја имале, која чисто ја чувале, и да си дозволиме болка. Ама болка од љубов. Дека сме љубеле, и дека сме биле љубени. Како искрената пријателска љубов помеѓу дедо Трајче и дедо Цобе.“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
К. А. | Црнобело / фото: depositphotos.com