Забавни (и едукативни) видеоигри соодветни за деца

Серијалот Portal (за деца над 10 години)

Portal 1 и Portal 2 се релативно постари игри, но се одлични за логичко размислување.

Играчот контролира девојка која е затворена во лабораторија и треба да помине низа тестови.

Девојката може да отвора портали од едно до друго место, а играчот треба да го искористи ова на мошне креативен начин за да ги помине тестовите.

Minecraft (за деца над 10 години)

Minecraft е open-world игра која се фокусира на градење и на играчите им нуди бесконечно многу можности за да ја покажат својата креативност.

Во играта треба да собирате разни материјали кои можете да ги користите за да изградите буквално сè.

Lego City: Undercover (за деца над 10 години)

Речиси сите Lego игри се соодветни за деца, но ќе ја спомнеме само Undercover.

Играта е акција-авантура, а дејството е сместено во град направен од Lego коцки.

Играчот го контролира полицаец кој треба да фаќа криминалци низ Lego градот.

No Man’s Sky (за деца над 7 години)

Главната цел на No Man’s Sky е истражувањето на огромниот универзум.

Она што ја прави играта уникатна е фактот дека универзумот се генерира самиот и нема крај, па буквално секој играч има потполно различно искуство додека игра.

Во играта можете да посетувате разни планети, да ги истражувате и да собирате ресурси.

Kerbal Space Program (за деца на која било возраст)

Ако вашето дете е фасцинирано од вселенски патувања, ова е играта што треба да ја игра.

Главната задача на играчот е да дизајнира и менаџира цела вселенска програма – од градењето на леталото, до неговото лансирање.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg