Забавни (и едукативни) видеоигри соодветни за деца

Во Stray, вашето дете ќе има можност да игра со мачка, додека Kerbal Space Program е совршена за деца кои се фасцинирани од вселената бидејќи им овозможува самите да дизајнираат цела вселенска програма.

zabavni-i-edukativni-videoigri-soodvetni-za-deca-01.jpg

Многу родители чувствуваат аверзија кон видеоигрите и нивната загриженост е оправдана.

Главниот проблем е тоа што неретко малите деца играат игри кои не се воопшто соодветни за нивна возраст.

Видеоигрите како Call of Duty и GTA се ултра популарни кај малите гејмери и тоа веќе неколку генерации, но факт е дека возрасната граница за овие игри е 18 години.

Но, кога детето ќе игра видеоигри соодветни за негова возраст, не само што ќе се забавува, туку ќе има и корист од тоа.

Направени се неколку истражувања на оваа тема и повеќето покажуваат дека видеоигрите го активираат мозокот на децата, имаат позитивно влијание врз нивната меморија, им го подобруваат фокусот, а ги развиваат и когнитивните способности.

Секако, ова не значи дека детето треба постојано да игра видеоигри, а вие како родител треба да поставите некои ограничувања.

Според Американската академија за педијатрија, препорачливо е детето да игра најмногу еден час во денови кога има училиште. За време на викенд, може да игра подолго, но не повеќе од два часа дневно.

Покрај овие ограничувања, обрнувајте внимание и на тоа дали видеоигрите се соодветни за негова возраст.

Во продолжение видеоигри соодветни за деца кои се навистина забавни:

Hogwarts Legacy (за деца над 13 години)

Моментално, Hogwarts Legacy e најпопуларната и најпродаваната игра за 2023 година и е одлична за љубителите на Хари Потер.

Станува збор за open-world игра чие дејство е сместено во училиштето Хогвортс, во 19-тиот век.

Играчот може сам да го креира својот лик, да учи да прави магии и волшебни напивки, да учествува во дуели, но и да ги истражува Хогворст и селото Хогсмид.

Civilisation 6 (за деца над 12 години)

Оваа игра е стратегија, а целта на играчот е да развие цивилизација. Се почнува од древна населба која играчот ја контролира и пробува да ја претвори во модерна цивилизација.

Subnautica (за деца над 12 години)

Subnautica е open-world, first-person авантура чие дејство е сместено во океанот на друга планета.

Играчот треба да го истражува океанот и да се обидува да преживее собирајќи ресурси, правејќи орудија и слично.

Stray (за деца над 12 години)

Ова е можеби најуспешната видеоигра која не е направена од големо студио и важи за една од најдобрите во 2022 година.

Играта е мошне уникатна бидејќи играчот контролира мачка која е заробена во подземен град во иднината и бара начин да се врати на површината.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg