Жената со два пара нозе и уште 4 луѓе кои биле најголеми ѕвезди во контроверзните „шоуа за чудаци“ од минатото
Госпоѓица Габриел – жената „пресечена“ на половина
Габриел била родена во 1884 година во Швајцарија без нозе. Всушност, телото на Габриел завршувало речиси веднаш под половината.
Таа ја почнала својата кариера во 1900 година и веднаш станала позната како „жената пресечена на половина“.
Низ годините, била дел од неколку големи циркуси низ Европа и САД, а благодарение на својот шарм, заработила многу пари.
Нејзината цел била луѓето да не ја осудуваат за физичкиот недостаток и, на некој начин, успеала во тоа.
Габриел била и голема заводничка и познато е дека била во брак најмалку трипати.
Бидејќи честопати го менувала презимето, не е познато што правела во староста, ниту кога или како умрела.
Мартин Лаурело – човекот-був
За разлика од другите на листава, Мартин немал физички недостаток или деформитет, но имал ретка (и луда способност) – можел да ја сврти главата за цели 180 степени.
Токму поради ова бил познати како „човекот-був“.
Тој бил роден во Германија, околу 1886 година. Наводно, кога ја почнал кариерата, можел да ја сврти глават „само“ 120 степени, но вежбал и за три години стигнал до 180.
За да го постигне ова, тој дислоцирал неколку прешлени, а од помош му било и тоа што имал мошне флексибилен ’рбет.
Малку е познато за приватниот живот на Мартин, освен дека двапати бил во брак и имал три деца.
Ела Харпер – девојката-камила
Ела Харпер, родена во 1870 година во САД, имала ретко нарушување поради кое нејзините колена се виткале кон назад.
Поради ова, на Ела најлесно ѝ било да се движи на рацете и нозете, поради што си го добила сценското име „девојката-камила“.
Таа била главна ѕвезда во популарен американски циркус и добивала мошне добра плата, па имала навистина удобен живот.
Самата изјавила дека со заработените пари сака да оди на факултет и да почне да работи нешто друго.
По некое време таа дала отказ од циркусот, а малку се знае за нејзиниот живот подоцна.
Во 1905 година се венчала, а на 35-годишна возраст добила дете кое, за жал, починало по само шест месеци.
Трагедиите на Ела не завршиле овде – во 1918 година таа и сопругот посвоиле девојче, но и тоа починало по само неколку месеци.
Според некои извори, Ела имала рак на дебелото црево, поради што починала во 1921 година.
Спирова С. | Црнобело