Жената со два пара нозе и уште 4 луѓе кои биле најголеми ѕвезди во контроверзните „шоуа за чудаци“ од минатото
Габриел била жена родена без нозе, односно нејзиното тело завршувало речиси веднаш под половината. Иако многумина ја сметале за „чудак“, со својот шарм, Габирел ги освоила симпатиите на луѓето и заработила многу пари од таканаречените „шоуа за чудаци“.
Колку и да звучи сурово, во минатото многу популарни биле таканаречените шоуа со чудаци.
Некогаш дел од циркуси, а некогаш и како посебни настани, главните ѕвезди во овие шоуа биле луѓе со физички недостатоци или мутации поради кои изгледале поразлично од другите.
Овие луѓе честопати биле стигматизирани, навредувани и отфрлани од општеството, па единствената можност за заработка им била експлоатацијата на својот изглед.
Дел од нив станале многу популарни и заработиле многу пари, што им овозможило да имаат удобен живот. Но, повеќето речиси целиот живот морале да го трпат потсмевањето од другите.
Дел од најпопуларните луѓе кои биле дел од шоуа за чудаци:
Џозеф Мерик - човекот-слон
Џозеф Мерик бил роден во 1862 година и страдал од нарушување поради кое му се јавиле сериозни деформитети на телото.
Првите симптоми почнале да се појавуваат кога имал само пет години.
Мајка му починала кога имал 11 години, по што татко му се венчал со друга жена. Но, поради неговиот изглед, татко му и маќеата одбивале да се грижат за него, по што Џозеф се преселил кај неговиот чичко.
Во 1884 година тој самиот изразил желба да стане дел од некакво шоу, па стапил во контакт со познат шоумен.
Тогаш го добил името „човекот-слон“ со што почнала неговата кариера.
Џозеф починал на само 27-годишна возраст, наводно бидејќи се задушил додека спиел. Сепак, лекарот кој ја правел аутопсијата, изјавил дека умрел поради изместување на вратот.
Не е точно познато што го предизвикало деформитетот кај Џозеф, но се претпоставува дека имал синдром познато како proteus.
Денес научниците не можат да направат добра ДНК анализа бидејќи неговиот скелет бил многупати избелуван пред да биде изложен во Royal London Hospital.
Тажниот живот на Џозеф е тема на еден од првите филмови на Дејвид Линч – The Elephant Man.
Мирта Корбин – жената со четири нозе
Мирта била родена во 1868 година во САД и имала две карлици и два пара нозе, кои наводно биле од сијамски близнак кој не се развил правилно.
Иако можела да ги движи двете помали нозе, тие биле премногу слаби за одење.
Уште кога се родила, Мирта била главна тема на зборување во локалните медиуми, а од 13-годишна возраст станал дел од шоу за чудаци.
Таа станала толку популарна, што други шоумени и циркуси почнале да лажат дека и тие имаат „чудаци“ со четири нозе.
На 19 години таа се венчала, а со сопругот имала четири ќерки и еден син. За време на првата бременост, лекарите откриле дека Мирта има два пара сексуални органи, вклучувајќи и две матки.
Мирта починала во 1928 година, а нејзиниот ковчег бил покриен со бетон бидејќи семејството стравувало дека некој ќе проба да ѝ го украде трупот.