Мажи заспивале жени со анестетици и ги силувале – мрачната приказна за колонијата Манитоба во Боливија
Имено, група од девет мажи од колонијата, на возраст од 19 до 43 години, скоро секоја вечер ги силувале жените.
Старешините во колонијата сфатиле дека станува збор за пресериозен проблем кој не можат да го решат сами, па веднаш ги однеле мажите во полициска станица.
За да ги онеспособат жртвите и да ги скријат трагите, силувачите користеле анестетик за крави што го набавувале од локален ветеринар. Анестетикот бил во форма на спреј и навечер тие скришно го прскале низ прозорецот на куќите.
Бидејќи станувало збор за силен анестетик, ова било сосема доволно за целото семејство во куќата да потоне во длабок сон.
Потоа мажите – некогаш заедно, некогаш сами – влегувале во куќата и ги силувале жените.
На судењето во 2011 година, мажите откриле дека помеѓу жртвите имало и деца, а најстарата жртва имала 65 години. Според некои извори, групата злосторници силувала и мажи и момчиња.
Во периодот од 2005 до 2009 година, дури 130 жени и девојки биле силувани, иако некои веруваат дека бројот на жртви е многу поголем.
По судењето, секој од деветте мажи доби 25-годишна казна затвор, додека ветеринарот кој им ги давал анестетиците доби 12 години затвор.
Уште поморничаво во целата ситуација е што жртвите не добиле никаква професионална помош за да се справат со траумите.
Членови на други слични колонии во Боливија понудиле психолошко советување за жртвите, но главниот свештеник на колонијата Манитоба само изјавил:
„Зошто им е психолошко советување ако не биле ни свесни кога се случувал нападот?“
Колонијата Манитоба постои и денес, а членовите пробале да продолжат за своето секојдневие по инцидентот.
Децата одат на училиште како што учат германски јазик, математика и веронаука.
И покрај тоа што живеат во Јужна Америка, жените не смеат да го учат шпанскиот јазик. Од друга страна, мажите имаат дозвола да го научат, но само затоа што им треба за тргување.
До денес, членовите на колонијата одбиваат да користат електрична енергија и автомобили, а преферираат традиционална, скромна облека.
На возрасните, целиот ден им е исполнет со обврски – жените се задолжени за чистење и готвење, додека мажите работат на полињата.
Како што веќе спомнавме, според ужасните случувања во колонијата е направен и филм – Women Talking – чие сценарио е напишано според истоимената книга.
Главните улога и им припаѓаат на Руни Мара, Клер Фој и Френсис Мекдермонд, а филмот има две номинации за Оскар – за најдобар филм и најдобро адаптирано сценарио.
;Спирова С. | Црнобело