Мажи заспивале жени со анестетици и ги силувале – мрачната приказна за колонијата Манитоба во Боливија

Во период од четири години, над 130 жени и девојки од изолирана колонија во Боливија биле дрогирани со анестетици и силувани од група мажи, без да бидат свесни за тоа. Дури и кога жените се буделе облеани со крв и со болки, членовите на колонијата им велеле дека тоа е само „луда женска фантазија“.

grupa-mazhi-od-izolirana-zaednica-zaspivale-zheni-so-anestetici-i-gi-siluvale-mrachnata-prikazna-za-kolonijata-manitoba-vo-bolivija-01.jpg

Филмот Women Talking, кој е номиниран за Оскар за најдобар филм, раскажува мрачна приказна за неколку жени од изолирана колонија во Боливија кои биле дрогирани со анестетици и силувани.

Долг период на жените не им било јасно зошто се буделе со болки и без долна облека, сè додека неколку мажи не биле фатени на дело.

Но, знаевте ли дека овој мрачен филм е инспириран од вистинска приказна?

Колонијата Манитоба е религиозна и конзервативна заедница на источниот дел од Боливија.

Членовите на заедницата генерално имаат европско потекло и имаат строги христијански верувања. Во најголем дел, тие го одбиваат модернизирањето и следат традиции и начин на живот стари многу децении.

Тие носат едноставна облека и не користат струја или автомобили.

grupa-mazhi-od-izolirana-zaednica-zaspivale-zheni-so-anestetici-i-gi-siluvale-mrachnata-prikazna-za-kolonijata-manitoba-vo-bolivija-04.jpg

Членовите на колонијата се менонити - протестантска верска секта која настанала во 16-ти век - а се населиле во Боливија пред повеќе од половина век.

Во Боливија живеат над 60.000 менонити, од кои околу 2.000 живеат во склоп на колонијата Манитоба.

Иако верата на членовите е против секакво насилство, ова не спречило неколку мажи да извршат ужасно злосторство на над 100 жени и девојки во колонијата.

grupa-mazhi-od-izolirana-zaednica-zaspivale-zheni-so-anestetici-i-gi-siluvale-mrachnata-prikazna-za-kolonijata-manitoba-vo-bolivija-02.jpg

Во 2005 година, многу жени од колонијата почнале секое утро да се будат со болки и крв во областа на вагината. Некои забележувале дамки од семена течност на нивните кревети, а дел се буделе без долна облека.

Жените немале никакви сеќавања од претходната ноќ и не им било јасно што се случува. Поради конзервативната природа на колонијата, жените долг период молчеле за овие проблеми.

Некои дури почнале да веруваат дека навечер биле силувани од демони.

grupa-mazhi-od-izolirana-zaednica-zaspivale-zheni-so-anestetici-i-gi-siluvale-mrachnata-prikazna-za-kolonijata-manitoba-vo-bolivija-07.jpg

Сепак, бидејќи секое утро многу жени ги забележувале истите чудни работи, низ колонијата почнале да се шират гласини.

Некои жени имале бледи сеќавања за кои најпрво мислеле дека се сон. Имено, дел од нив помнеле дека се буделе за миг и гледале маж врз нив, немоќни да го оттргнат од себе или да повикаат помош.

За жал, повеќето вакви приказни биле објаснети како „луда женска фантазија“.

Не знаејќи што да прават, многу жени само пробале да ги прифатат бизарните случувања и си продолжиле со животот.

grupa-mazhi-od-izolirana-zaednica-zaspivale-zheni-so-anestetici-i-gi-siluvale-mrachnata-prikazna-za-kolonijata-manitoba-vo-bolivija-05.jpg

Дури во 2009 година жените и останатите членови на колонијата станале свесни за злото што се случувало.

Една вечер во јуни, двајца мажи биле фатени како пробуваат да влезат во куќа. Двајцата мажи веројатно се исплашиле, па веднаш кажале што се случува.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg