6 (одвратни) факти за хигиената на Европјаните во минатото

Жените користеле мов наместо влошки

Во Англија има вид мов со голема апсорбирачка моќ. Па, во средновековна Англија, многу жени правеле импровизирани влошки со растението.

Всушност, истиот мов се користел и како газа на бојното поле поради апсорбирачката моќ.

6-odvratni-fakti-za-higienata-na-evropjanite-vo-minatoto-05.jpg

Го миеле лицето со урина

Неретко урината се користела за перење облека поради амонијакот во неа.

Но, некои жени го миеле лицето со урина верувајќи дека ќе им ја подобри состојбата на кожата.

6-odvratni-fakti-za-higienata-na-evropjanite-vo-minatoto-06.jpg

Користеле цвеќе за прикривање на непријатниот мирис

До крајот 18-иот век, Европјаните се бањале многу ретко, некои и само неколкупати во целиот живот. Покрај тоа, овде бил и лошиот мирис кој се ширел низ градовите бидејќи немале канализација и никој не внимавал на јавната чистота.

За да се справат со непријатната миризба, многу луѓе носеле мали букети цвеќе кои ги мирисале постојано. Жените носеле цвеќе и како украс на облеката или во косата.

На сличен начин користеле и ароматични билки и растенија, а доста популарни биле и мирисливите масла.

Генерално, тие правеле сè за да го прикријат лошиот мирис, освен подобрување на хигиената.

6-odvratni-fakti-za-higienata-na-evropjanite-vo-minatoto-07.jpg

Сите се бањале во иста, валкана вода во јавните бањи

Јавните бањи не биле само место за бањање, туку и за социјализација.

Иако модерните базени потсетуваат на нешто слично, не треба да заборавиме дека денес имаме хемикалии како хлор кои ја прочистуваат водата и, практично, нè штитат од другите луѓе во базенот.

Порано сигурно немало хлор, а и водата во бањите се менувала многу ретко, што значи сите бањале во многу, многу валкана вода.

6-odvratni-fakti-za-higienata-na-evropjanite-vo-minatoto-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Детали од земјите ширум светот кои кријат необични приказни Ако во Шкотска видите црвена влезна врата, тоа значи дека домаќинот го исплатил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg