47 дена била сама во дивината, торнадо ја фрлило низ прозорец: 5 луѓе кои преживеале вистински кошмари
Тереза од САД влегла во нејзиниот замрзнувач со цел да се заштити од торнадо, но не можела да излезе и останала внатре цели пет дена. Кога била пронајдена, не можела да се движи од студот и имала сериозни смрзнатини на нозете, но барем била жива. Некои луѓе навистина имаат преживеано кошмари кои не сакаме ни да ги замислиме.
Животот е непредвидлив и никогаш не знаеме што може да ни се случи.
Иако кога-тогаш сите ќе се соочиме со некоја лоша ситуација, па и цел лош период, работите што ги преживеале некои луѓе не се споредуваат ни со најмрачните кошмари.
Неколку луди приказни за луѓе кои преживеале токму вакви кошмари:
Џоан Муреј преживеала пад од 4 километри
Во 1999 година, тогаш 47-годишната Џоан Муреј скокала со падобран. Кога стигнала на висина од околу 4 километри, не можела да го отвори падобранот.
Кога стигнала до помалку од 300 метри над земјата, успеала да го отвори резервниот, но сепак удрила во земјата со брзина од 129 километри на час.
Како падот да не бил доволен, Џоан „слетала“ во гнездо на опасните огнени мравки чиј убод предизвикува многу силна болка и алергиска реакција.
Од падот, Џоан ги скршила речиси сите коски од десната страна на телото, а поради силниот удар, ѝ паднале неколку пломби од забите.
За чудо, жената преживеала, но изгубила свест и додека лежела среде гнездото мравки била касната над 200 пати.
Според лекарите кои се грижеле за неа, сосема веројатно е убодот од мравките да ѝ го спасил животот, бидејќи предизвикал нагло зголемување на нивото на адреналин во организмот.
На Џоан ѝ биле направени 20-тина реконструктивни операции, неколку години одела на физикална терапија и успеала повторно да застане на нозе.
Во 2002 година таа повторно почнала да скока со падобран.
Гери и Сузан Валеј биле кренати од торнадо
Иако, за среќа, во Македонија нема торнада, сите сме ја виделе разорната моќ на овој застрашувачки феномен.
Торнадата се честа појава во САД и Американците добро знаат дека треба да бидат заштитени во затворен простор за да избегнат повреди.
Во мај 2013 година, Оклахома беше погодена од неколку силни торнада. Тој период, Гери и Сузан Валеј оделе кон дома со нивниот автомобил, кога во нивна близина се појавило торнадо.
Брачниот пар не се сеќава што точно се случило, но според експертите, најверојатно застанале кога го здогледале торнадото, што наводно била огромна грешка.
Потоа торнадото го кренало нивниот автомобил, а Гери и Сузан излетале низ прозорците.
Подоцна Сузи сподели дека во еден миг пробала да го снима торнадото, а следниот се разбудила на земјата со телефонот во раката. Сопругот го нашла на околу 15 метри од неа со неколку скршени коски, но, за среќа, жив.
Уште поневеројатно е што со нив било и нивното куче кое било пронајдено живо четири дена подоцна.
Тереза Кристијан пет дена била затворена во замрзнувач
Уште една луда приказна со торнадо во Оклахома.
Во 2012 година, Тереза Кристијан сакала да се заштити од најавеното торнадо, криејќи се во нејзиниот замрзнувач. Но, случајно се затворила внатре и не можела да излезе.
Поминале четири дена пред синовите на Тереза да дојдат во нејзиниот дом. Бидејќи помислиле дека не е дома, си заминале и повторно се вратиле наредниот ден.
Овојпат едниот од синовите слушнал придушено викање.
Синовите веднаш откриле дека викањето доаѓа од фрижидерот и го отвориле, а внатре ја нашле Тереза.
Од студот, Тереза не можела да мрда и имала сериозни смрзнатини на нозете, по што била однесена во болница.