Што открива за вас накитот што го носите најчесто?
Накит од природни материјали
Накитот од природни материјали, како дрво, школки и камчиња, најчесто го носат луѓе кои ја сакаат природата.
Тие скогаш му даваат предност на природниот изглед и сакаат да бидат опкружени со зеленило.
Впечатлив, необичен накит
Уникатниот накит секогаш привлекува внимание, па најчесто го носат екстроверти.
Истовремено, овие луѓе обично се креативни, знаат да импровизираат и се интелигентни.
Секогаш се отворени за нови можности и се многу флексибилни.
Рачно направен накит
Оние кои сакаат рачно направен накит, ја ценат уникатноста.
Нив им се допаѓа што имаат парче накит кое го нема никој друг.
Со ваквиот накит тие се изразуваат себеси и ја покажуват нивната оригиналност.
Амајлии
Обично луѓето кои носат накит со амајлија како крст се религиозни. Па, со накитот тие ја покажуваат својата верба во нивниот бог.
Постојат и други амајлии кои најчесто ги отсликуваат верувањата на една личност, но и нејзината желба за себеспознавање.
Две или повеќе обетки на увото
Најчесто луѓето кои имаат повеќе од една обетка на едното уво се доста организирани, но имаат и проблеми со анксиозност.
Тие внимателно го пресметуваат секој ризик, планираат однапред и ништо не оставаат на случајноста.
Нормално, оваа анализа на карактерот според накитот е само за забава и не значи дека сите луѓе можат да се поделат само во овие 10 категории, бидејќи секој од нас е уникатен на свој начин.
Спирова С. | Црнобело