9 практични совети што ќе ви го олеснат секојдневието – при обилна менструација, испукани раце
Трик за максимално користење на продуктите за убавина
Продуктите, како кремови, кои се во мала туба, е речиси невозможно да ги искористите целосно поради нивната амбалажа.
Сепак, постои и трик за ова.
Пресечете го горниот дел на тубата и внатре ставете го капачето од амбалажата, па со него истиснете го продуктот.
Трик за брзо закачување облека
Протнете ја раката низ отворот за главата на блузата, и на овој начин наредете неколку блузи што сакате да ги закачите, како на фотографијата подолу.
Со истата рака фатете ја закачалката за горниот дел и многу брзо ќе ги закачете сите блузи.
Чистете го накитот со четка за заби
Лесно можете да го исчистите накитот само со средство за миење садови и вода.
Со мешавината, истријте го накитот со мека четка за заби.
Ставете кора од лимон во машината за садови
Киселината во лимонот може да им даде сјај на садовите како стаклени чаши, а притоа ослободува и пријатен мирис.
Доволно е да ставите само неколку кори во машината пред да ја пуштите.
Спирова С. | Црнобело