9 практични совети што ќе ви го олеснат секојдневието – при обилна менструација, испукани раце
За многу обилни менструации, користете две влошки, а можете да го исчистите накитот само со мешавина од вода и средство за садови и мека четка за заби – неколку практични совети што значително ќе ви го олеснат секојдневието.
Сите имаме навики што не сме ги промениле со години и сите правиме некои работи на свој начин.
Но, многу од овие работи можеме да ги правиме и на поефикасен начин кој ќе ни заштеди и време, и нерви.
Неколку практични совети што ќе ви го олеснат секојдневието:
Спијте во машки боксерки
Женската долна облека секогаш е тесна, дури и кога станува збор за боксерки.
Ако навечер ова ви претставува проблем, зошто да не пробате да спиете со машки боксерки кои можат да бидат многу поудобни?
Машките боксерки можат да ви заменат и летни пижами.
Ставете безбоен лак на накитот за да го заштитите
Металот на поевтиниот накит (бижутерија) потемнува навистина брзо, но можете да го заштитите со безбоен лак.
Истовремено, овој трик ќе ја спречи и иритацијата од металот ако имате почувствителна коса.
Ставете две влошки ако имате обилни менструации
Иако постојат поголеми влошки, доколку имате многу обилна менструација, нормално дека сакате дополнителна заштита.
Во овој случај можете да употребите две влошки кои ќе ги поставите како на фотографијата подолу.
Овој трик е одличен за спиење кога протекувањето се случува најчесто.
Прицврстете ги рамките од градникот со конец
Рамките од градниците лесно се рашируваат сами, а може да биде вистински предизвик да ги средите ако носите дебела, зимска облека.
Можете да го решите овој проблем ако го зашиете металниот дел за подесување на должината на рамките, како на фотографијата подолу.
Ставете крем на рацете пред да ставите гумени ракавици
Ако имате многу суви раце, препорачливо е да носите ракавици кога миете садови или кога чистите.
Но, чистењето можете да го претворите и во третман ако на дланките ставите крем, па и вазелин, пред да ги ставите ракавиците.
Додека работите, кремот ќе се впие и кожата на дланките ќе биде многу помека.