7 (необични) правила што вработените на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон мораат да ги следат
Дадилките користат модерни техники за воспитување на децата
Вилијам и Кејт пробуваат да ги искоренат застарените правила за воспитување кои владеат во кралското семејство со децении.
Наводно, тие сакат да ги научат нивните деца да зборуваат за нивните чувства и да ги споделуваат нивните мисли.
Дисциплинирањето со викање на глас е строго забрането и сите проблеми се решаваат со смирен разговор.
Според извор на The Sun, дадилката која работи за парот со години е строга, но добра кон децата:
„Таа е строга, но никогаш не им вика на децата. Не ги казнува, но разговараат и им објаснува кога ќе направат нешто погрешно“.
Дадилките им се обраќаат на децата само по име
Истата дадилка која минува најмногу време со децата на Вилијам и Кејт користи уште еден интересен трик за воспитување.
Имено, таа никогаш не им се обраќа со „деца“, туку само со нивното име.
На овој начин, таа им покажува почит на децата и гради добра врска со нив.
Всушност, сите во палатата им се обраќаат на децата само по име.
Вработените треба да му се обраќаат на Вилијам по име
Со, векови вработените во палатата им се обраќаат на членовите од кралското семејство според нивните титули.
Но, принцот Вилијам сакал да му се обраќаат по име.
„Кога Чарлс беше принц, првото нешто што се слушаше наутро во неговата соба беше ’Ваше височество‘. Со Вилијам нема ништо такво“, вели новинарка која е блиска со кралското семејство.
Интересно е што принцот Вилијам редовно ги прекршувал кралските правила и уживал да јаде заедно со вработените.
Не смеат да ги коментираат фустаните на Кејт
Со текот на времето, Кејт Мидлтон стана модна икона, а добива комплименти за изгледот и од врвни дизајнери.
Сепак, на Кејт изгледа не ѝ се допаѓа постојано да добива комплименти за изгледот, па вработените имаат забрана да го прават тоа.
Истовремено, вработените не смеат да зборуваат за фустаните ни со медиумите, односно не смеат да откриваат детали како бренд, цена и слично.
Спирова С. | Црнобело