7 (необични) правила што вработените на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон мораат да ги следат
Вработените на Вилијам и Кејт, очекувано, не смеат да озборуваат и да шират гласини за нив, но тие не смеат ни да ги коментираат раскошните фустани на Кејт Мидлтон. Кои други правила треба да ги следат?
Британското кралско семејство е познато по чудните правила што мораат да ги следат сите членови, а неретко овие правила важат и за вработените.
Но, се чини дека Вилијам и Кејт одбиваат да следат многу традиции, па нивните вработени дефинитивно имаат поголема слобода отколку оние во минатото.
Кои правила ги следат вработените на Вилијам и Кејт?
Не смеат да озборуваат
Во домот на кралското семејство сигурно се дискутираат работи кои тие не би сакале да допрат до јавноста.
Па, нормално е што вработените на Вилијам и Кејт не смеат да озборуваат.
Наводно, кралскиот пар воопшто не толерира ширење гласини за нив и другите членови од семејството, а ова е нагласено уште во огласот за работа.
Од вработените се бара потполна дискреција, без исклучоци.
Веројатно Вилијам и Кејт се свесни дека некогаш ова може да биде тешко за вработените, особено ако посведочат на нешто навистина скандалозно, па се трудат да ја покажат својата благодарност за нивната лојалност.
Покрај подароците што ги добиваат од Кејт и Вилијам, некои вработени во нивниот дом имаат можност и да одат на патувања со нив.
Мора да обрнуваат внимание на сите ситници
Според документарецот Sandringham: The Royals at Christmas, Вилијам и Кејт очекуваат нивните вработени да обрнуваат внимание и на најмалите ситници.
Накратко - тие бараат перфекционисти.
Според една од жените која ги интервјуира кандидатите за работа, тие минуваат неколку тестови за да ја покажат оваа особина:
„Еден од тестовите што сакам да им ги дават за да видам дали обрнуваат внимание на ситници е ставање мртва мува или во каминот, или на тепихот. Штом ќе ја ставам мувата, го викам кандидатот во собата.
Ова е одличен тест. Само еден од десет кандидати се наведнува за да ја крене мувата од земјата. Тогаш знаете дека тој е одличен“, вели таа.
Треба да носат лежерна облека
Кога се појавуваат во јавност, Вилијам и Кејт изгледаат беспрекорно.
Но, кога се дома, далеку од очите на јавноста, нормално дека и тие сакаат да се опуштат.
Поради ова, парот бара од вработените во домот да носат лежерна облека, освен ако не се одржува некој настан.
„Принцот Вилијам сака да биде во лежерно издание. Неговите деца трчаат насекаде, па не сака да изгледа многу формално.
Ако имаме важен состанок или ако одиме во Бакингемската палата, тогаш секако дека се облекуваме формално“, вели анонимен вработен во домот на Вилијам и Кејт.