Облека со точки за повеќе пари и уште 9 суеверија поврзани со Нова година
Немојте никому да позајмувате пари, станете рано на 1-ви јануари, прошетајте со празен куфер – погледнете 10 интересни суеверија поврзани со новата година.
Дали верувате во суеверија? Дали сте од оние што се враќаат 3 чекори наназад кога ќе видат црна мачка или пак верувате дека ѓубрето не треба да се фрла навечер?
Новата година симболизира нов почеток, празнење на старата енергија и полнење со нова позитивна сила, па затоа воопшто не зачудува тоа што во светот постојат повеќе суеверија поврзани токму со овој ден.
Во продолжение да погледнеме што треба да направите за следната година да ви биде посреќна и побериќетна:
Првиот чекор нека ви биде со десна нога
Голем број култури веруваат дека првиот чекор во новата година треба да ви биде со десната нога, затоа што тоа е вистинскиот рецепт за да ве следи среќа во текот на наредните 12 месеци.
Погледнете низ прозорецот
Немажените и неженетите според некои верувања штом се разбудат на 1-ви јануари треба да погледнат низ прозорецот. Ако видите дека поминува некој од спротивниот пол на улицата, тоа значи дека до крајот на годината ќе добиете свршенички прстен.
Фрлете страшило во оган
Не веруваме дека дома имате некое страшило, но ако имате добро е да го фрлите во оган. Во Еквадор, на тој начин се согоруваат сите заостанати лоши работи од минатата година.
Истрчајте седум круга низ домот
Ако не сакате премногу да се изморите, можете да истрчате 7 круга и во една соба, но според некои култури, ова ќе ви донесе среќа во текот на наредната година.
Облечете нешто со точки
Луѓето на Филипините веруваат дека облеката со точки ќе ви донесе среќа, затоа што точките имаат форма на парички, па најверојатно таквата облека ќе ви донесе повеќе финансии и благосостојба.