Облека со точки за повеќе пари и уште 9 суеверија поврзани со Нова година
Немојте да плачете
Не смеете да дозволите некој да ви го расипе расположението и новата година да ја започнете со солзи на очите. Според верувањата, расположението во кое ќе се разбудите на 1-ви јануари ќе диктира како ќе се чувствувате во текот на целата наредна година.
Станете рано на 1-ви јануари
Според верувањата во Полска ако рано станете на првиот ден од годината тоа ќе значи дека нема да имате проблем со будењето во текот на наредната година. Вреди да се проба, или не?
Прошетајте со празен куфер
Ако сакате повеќе да патувате во следната година понесете со себе празен куфер. Според верувањата во Колумбија, оние што ќе прошетаат со празен куфер на 31-ви декември ќе патуваат многу во наредните 12 месеци.
Не им позајмувајте пари на пријателите
Тоа што ќе го направите на првиот ден од годината (и вториот) ќе ве следи во текот на наредните 12 месеци, па затоа ниту на новогодишната ноќ, ниту на 1-ви јануари немојте да им позајмувате пари на пријателите, затоа што тоа ќе го правите во текот на целата година.
Не дозволувајте ладилникот да ви биде празен
Според некои традиционални верувања, празниот ладилник на Нова година ќе значи дека ќе имате финансиски проблеми во текот на целата година.
Затоа задолжително купете доволно храна пред да ја испратите старата година.
Б. С. Б. | Црнобело