8 уникатни прослави и обичаи што ги прават Јапонците целосно поразлични од нас
Слават Ден на девојчињата
На 3-ти март, Јапонците го слават Hinamatsuri, односно Денот на девојчињата или Денот на куклата.
На овој ден, тие се молат за здравјето и среќата на девојчињата, особено оние помлади од 10 години.
За овој празник има и интересна традиција – тие изложуваат специјално изработени кукли кои ги прикажуваат владетелите и други ликови и детали од минатото на Јапонија.
На Нова година, во сите будистички храмови ѕвонат ѕвона
На полноќ на 31-во декември, сите будистички храмови низ Јапонија ги ѕвонат нивните ѕвона вкупно 108 пати.
Според будизмот, овој број означува 108 земјени искушенија.
Со ѕвонењето, народот се ослободува од овие искушенија, но и гревовите, пред самиот почеток на новата година.
Последните денови од годината ги минуваат во чистење
Добро познат факт е дека Јапонците обрнуваат многу внимание на хигиената во нивните домови.
Тие сакаат да ја почнат новата година во чист дом, па последните денови од декември ги минуваат во чистење и средување на домот.
Денот на трудот им е особено важен
Јапонците го слават Денот на трудот на 23-ти ноември, и ова е важен празник за нив.
На овој ден им се оддава почит на сите работници, а сите луѓе си се заблагодаруваат едни со други за трудот што го вложуваат.
Спирова С. | Црнобело