8 уникатни прослави и обичаи што ги прават Јапонците целосно поразлични од нас
На Божиќ јадат торта со јагоди, имаат многу пролетни фестивали, а последните денови од годината ги минуваат во чистење – кои се другите уникатни прослави и обичаи во Јапонија?
Слично како ние, и Јапонците слават Нова година, Ден на трудот, па и Божиќ. Но, начините на коишто ги слават овие денови се многу поразлични.
Неколку уникатни прослави и обичаи од Јапонија што ќе ве изненадат:
За Нова година, децата добиваат пари наместо играчки
Давањето подароци на целото семејство за Нова година и Божиќ кај нас е релативно нов тренд, но барем децата отсекогаш добивале чоколади, бонбони, па и по некоја играчка од членовите на семејството.
Но, во Јапонија постои посебна новогодишна традиција – otoshidama – според која возрасните треба да им дадат плик со пари на децата.
Имаат заеднички прослави за полнолетство
Кај нас, тинејџерите стануваат полнолетни кога ќе наполнат 18 години и го слават овој голем чекор со роденденска забава. Во Јапонија, за полнолетството се одржува заедничка прослава.
Во вториот понеделник од јануари, сите тинејџери кои во тековната година треба да наполнат 18 години, облекуваат традиционално кимоно и прават заедничка прослава.
Имаат многу пролетни фестивали
Пролетта е активен период за Јапонците и тие имаат неколку фестивали за оваа сезона.
Ова се прослави кои можат да траат и по неколку денови, а се исполнети со танцување, дружба, пеење…
На Божиќ јадат торта со јагоди
Додека кај нас за Бадник и Божиќ фокусот е на солените јадења, во Јапонија традиционално се јаде благо.
Станува збор за торта од јагоди, позната како kurisumasu keki.