Мајка им ги продала, биле тепани за да настапуваат – тажната приказна на сијамските близначки Дејзи и Вајолет Хилтон
Тие отишле да живеат кај ќерката на Мери – Едит – и нејзиниот сопруг Мејер.
Едит и Мејер ги држеле девојчињата затворени и ги терале да учат да свират џез-музика. Па така, Вајолет научила да свири саксофон, а Дејзи – виолина.
Потоа парот заработувал многу од девојчињата, но на нив не им давале ни „скршен денар“.
Конечно, во 1931 година, девојчињата успеале да ги тужат Мејер и Едит, ја добиле својата слобода, како и 100.000 долари отштета.
Тие настапувале како танчарки и музичари, а во 1932 година се појавиле и во филмот Freaks.
Тој период, Вајолет имала и врска со музичарот Морис Ламберт, но ниту една американска држава не сакала да им даде дозвола за брак.
Во 1930-тите, популарноста на сестрите се намалувала, па заработката на сестрите станувала сè потешка.
Со цел да си ја зголемат популарноста, во 1936 година Вајолет се венчала со актерот Џејмс Мур кој бил хомосексуалец. На денот на венчавката таа била и бремена, а наводно детето било дадено на посвојување.
На хартија, бракот на Вајолет и Џејмс траел десет години, а потоа бил поништен.
Во 1941 година и Дејзи се венчала со маж кој бил хомосексуалец, а нивниот брак траел десет дена.
Сестрите последен пат се појавиле во јавност во 1961 година, во Северна Каролина.
Имале настап, а по шоуто нивниот менаџер ги напуштил. Сестрите останале без пари и без начин како да се вратат дома.
Па, морале да најдат работа во локална продавница, каде што работеле до крајот на нивниот живот.
Сестрите починале во јануари 1969 година. Според аутопсијата, прва умрела Вајолет, а Дејзи умрела од два до четири дена подоцна.
Спирова С. | Црнобело