Мајка им ги продала, биле тепани за да настапуваат – тажната приказна на сијамските близначки Дејзи и Вајолет Хилтон

Дејзи и Вајолет своевремено биле можеби најпознатите сијамски близначки и имале особено тежок живот. Откако мајка им ги продала бидејќи сметала дека се чудовишта, жената што ги купила ги малтретирала и експлоатирала, а пред крајот на животот, едвај сврзувале крај со крај.

majka-im-gi-prodala-bile-tepani-za-da-nastapuvaat-tazhnata-prikazna-na-sijamskite-bliznachki-dejzi-i-vajolet-hilton-01.jpg

Дејзи и Вајолет Хилтон, познати и како сестрите Хилтон и близначките од Брајтон, своевремено биле едни од најпознатите сијамски близнаци во светот.

Најпрво биле експлоатирани за пари, но подоцна успеале да ја стекнат својата независност. Иако извесен период успевале да заработат од својата популарност, кон крајот на нивниот живот се соочувале со многу финансиски проблеми.

Дејзи и Вајолет биле родени на 5-ти февруари 1908 година, во Брајтон, Англија.

Лекарот кој помогнал во породувањето – Џејмс Агустус Рут – има напишано и извештај за British Medical Journal за нивното раѓање.

majka-im-gi-prodala-bile-tepani-za-da-nastapuvaat-tazhnata-prikazna-na-sijamskite-bliznachki-dejzi-i-vajolet-hilton-07.jpg

Бидејќи Дејзи и Вајолет биле споени само во областа кај колковите, задникот и карлицата, имале посебни органи.

Поради ова, докторот вели дека се дискутирало да им направат операција за да ги одвојат. Сепак, тогашната медицина не била напредна како денес и лекарите утврдиле дека зафатот сепак е ризичен и најверојатно ќе резултира со смртта на едното, а можеби и двете девојчиња.

Овој период, децата кои се раѓале со деформитети биле сметани за чудовишта. Според некои извори, мајката на близначките го имала ова мислење за нив.

majka-im-gi-prodala-bile-tepani-za-da-nastapuvaat-tazhnata-prikazna-na-sijamskite-bliznachki-dejzi-i-vajolet-hilton-03.jpg

Таа не била во брак и била убедена дека сијамските близначки се казна бидејќи забременила.

Мајка им работела за жена по име Мери Хилтон која помислила дека ќе може да ги користи девојчињата за да заработи.

Па, ѝ предложила да ги купи, а мајката се согласила.

majka-im-gi-prodala-bile-tepani-za-da-nastapuvaat-tazhnata-prikazna-na-sijamskite-bliznachki-dejzi-i-vajolet-hilton-05.jpg

Мери ги изложувала девојчињата на излогот од британски паб и наплаќала за луѓето да ги видат. Според некои извори, луѓето бесрамно им го кревале здолништето за да се уверат дека навистина се сијамски близначки.

Но, ова не била најголемата тортура за девојчињата.

Мери Хилтон го контролирала секој аспект од нивниот живот и со сопругот ги терале да учат да танцуваат и пеат за да можат да ја забавуваат публиката.

majka-im-gi-prodala-bile-tepani-za-da-nastapuvaat-tazhnata-prikazna-na-sijamskite-bliznachki-dejzi-i-vajolet-hilton-06.jpg

Исто така, Мери ги казнувала со тепање, а некои извори тврдат дека таа имала и љубовници кои честопати ги малтретирале девојчињата.

Ни по смртта на Мери животот на девојките не се подобрил.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Сијамски корнишони, пиперки без семка: 14 необични работи кои луѓе си ги нашле во градината Од цветови во две бои, до испреплетени плодови и џиновски растенија - луѓе споде...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg