Убивање жени бидејќи се „вештерки“ и уште 3 бизарни случаи на масовна хистерија

Се сеќавате ли кога во 2016 година Американците, но и бројни луѓе од други земји ширум светот, пријавуваа дека гледале луѓе облечени како кловнови-убијци? Ова е можеби „најсвежиот“ пример за таканаречената масовна хистерија.

epidemija-na-smeenje-i-ushte-3-bizarni-sluchai-na-masovna-histerija-01.jpg

Сите сме слушнале за хистерија, но знаевте ли дека постои и масовна хистерија? Масовната хистерија е една од најчудните појави кај луѓето.

Ова е појава каде што група луѓе почнуваат да се однесуваат несвојствено и некарактеристично за нив, без навидум никаква причина. Луѓето кои се од оваа група обично веруваат во нешто што им ги „активира“ симптомите.

Исто така, сите луѓе од групата обично делат екстремен страв од нереална закана и немаат здравствени проблеми кои би го предизвикале ова необично однесување.

Покрај тоа, важно е да се нагласи дека тие не би се однесувале вака во „нормални“ услови.

epidemija-na-smeenje-i-ushte-3-bizarni-sluchai-na-masovna-histerija-02.jpg

За повеќето луѓе, масовната хистерија претставува забрзано ширење страв и паника, но самата состојба е многу покомплексна.

Експертите веруваат дека ова е вид нарушување или состојба на менталното здравје, чии симптоми почнуваат да се покажуват поради емотивна или ментална напнатост.

Масовната хистерија се шири вербално и визуелно. Односно, кога некоја личност ќе види лице кое ги покажува симптомите, и таа самата почнува да ги чувствува.

На експертите уште не им е јасно зошто се јавува оваа масовна хистерија и постојат неколку теории, како екстремен стрес или изразена анксиозност.

Ако, на пример, изолирана група луѓе живее во лоши услови и е изложена на многу стрес, може да се јави масовна хистерија.

Низ историјата има многу случаи на масовна хистерија, а во продолжение нешто повеќе за најпознатите и најчудните:

Судењата на вештерки во Сејлем

Сигурни сме дека сте слушнале за овој мрачен период од американската историја.

Судењата и егзекуциите на невините жени (некогаш и мажи) во Сејлем биле резултат на масовна хистерија, односно стравот на луѓето од нереална закана.

Тие биле убедени дека некои жени се вештерки кои сакаат да им наштетат.

Хистеријата почнала во период кога судењата на вештерки веќе губеле популарност, но сепак биле присутни во некои области во Европа и американските колонии.

Масовната хистерија во Сејлем се случила кога многу луѓе веќе не ни верувале во вештерки.

Наводно, хистеријата почнала во 1692 година, кога неколку млади девојки се разболеле од непозната причина и покажувале чудни симптоми, како агресија.

epidemija-na-smeenje-i-ushte-3-bizarni-sluchai-na-masovna-histerija-03.jpg

Тогаш некои свештени лица почнале да ја цитираат Библијата, пробувајќи да го убедат народот дека помеѓу нив има вештерки.

Бидејќи свештените лица биле многу почитувани, на жителите на Сејлем не им требало многу убедување за да поверуваат.

Па, самите почнале да бараат вештерки во нивната заедница, а на мета најчесто биле млади девојки. Најмладото девојче обвинето дека е вештерка е Дороти Гуд која имала едвај пет години.

Оние кои биле обвинети ги губеле сите права и навистина немало начин како да ја докажат својата невиност бидејќи никој не ги земал предвид доказите.

Народот верувал дека ако некој го има „белегот на вештерката“, тогаш неговата вина е неоспорна. Но, овој белег можел да биде лузна од повреда, бенка и слични работи што ги имаат скоро сите луѓе.

Исто така, биле користени и „тестови за вештерки“ кои неретко вклучувале мачење, па жените признавале вина само за да се спасат од неиздржливата болка.

Во периодот 1692-1693 година биле обвинети над 200 луѓе. 30 од нив биле прогласени за виновни, од кои 19 биле обесени. Еден маж бил смачкан, а најмалку пет лица умреле додека биле во затвор.

epidemija-na-smeenje-i-ushte-3-bizarni-sluchai-na-masovna-histerija-04.jpg

Епидемија на смеење во Танганјика

Тангјаника била држава во склоп на денешна Танзанија која постоела од 1961 до 1964 година.

Овде, во локално училиште за девојчиња, во 1962 година почнала таканаречена епидемија на смеење.

Сè започнало во јануари, кога три девојчиња почнале да се смеаат неконтролирано, а набрзо од нивната смеа „се заразиле“ уште 95 други од 159-те ученички.

Нивните симптоми траеле од неколку часа до 16 дена и, нормално, им пречеле за време на часовите. Интересно е што професорите и вработените во училиштето не биле засегнати од нападите на смеење.

Во март училиштето било затворено, а во следните два месеца се појавиле исти случаи кај 217 млади лица од селото каде што се наоѓало училиштето.

epidemija-na-smeenje-i-ushte-3-bizarni-sluchai-na-masovna-histerija-06.jpg

Во јуни, епидемијата се проширила и во уште едно училиште, но и во соседно село.

По 18 месеци, симптомите на сите засегнати исчезнале, а во овој период околу 1.000 луѓе имале напади на смеење. Тие пријавувале и симптоми како болка, губење свест, проблеми со дишењето и плачење.

Според некои експерти, оваа масовна хистерија била индуцирана поради стрес.

Имено, само една година претходно, Танганјика ја стекна својата независност, па постои теорија дека учениците и помладата популација се соочиле со повисоки очекувања од родителите.

Некои сметаат дека хистеријата настанала поради строгите постари лица кои управувале со училиштата и кои ги терале и младите да ги следат нивните контроверзни традиции. Ова можеби создало некаков револт кај помладите, па се јавила хистеријата.

Сепак, ова се само претпоставки и не можеме со сигурност да кажеме што точно ја предизвикало масовната хистерија.

epidemija-na-smeenje-i-ushte-3-bizarni-sluchai-na-masovna-histerija-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg