9 тајни на Кејт Мидлтон за младешки и елегантен, кралски изглед на 40 години
Носи иста облека повеќепати, но со различни детали
Иако е идна кралица, Кејт без двоумење ги носи истите парчиња облека и по неколкупати.
Единствено менува мали детали во комбинацијата, како чанта, колан или накит.
Преферира природен маникир
Жените од кралското семејство не треба да носат впечатливи лакови за нокти.
Па, Кејт обично користи неутрални нијанси, но без проблем излегува и без никаков лак.
Обожава елегантни капути
Многу често кога е во јавност, а времето е постудено, главниот детаљ во комбинациите на Кејт се елегантните капути.
Преферира минималистичка шминка
Никогаш нема да ја видите Кејт со нападна шминка, а ова е една од нејзините главни тајни за елегантен, но и младешки изглед.
Користи масло од шипка против брчки
Според некои извори, маслото од шипка е омилениот продукт на Кејт во борбата против брчките, но и темните кругови околу очите.
Ова масло ја потхранува и хидрира кожата и прави да изгледа посвежо.
Спирова С. | Црнобело